Овие 5 хороскопски знаци ги „откачуваат“ своите пријатели кога ќе започнат нова љубовна врска

Овие 5 хороскопски знаци ги „откачуваат“ своите пријатели кога ќе започнат нова љубовна врска

Кога некој од овие пет хороскопски знаци ќе започне нова врска, голема е веројатноста дека нема веќе очи да им видите. Тие имаат тенденција да се опседнуваат со личноста во којашто се вљубени, па одат дотаму што ги избегнуваат нивните блиски пријатели и семејството, за да бидат со партнерот. Но, не грижете се после извесен период тие повторно ќе се вратат во вашиот живот, откако почетната љубовна „магија“ ќе стивне.

Овие 5 хороскопски знаци ги откачуваат своите пријатели кога ќе започнат нова љубовна врска

Бик

Ако на Бикот му поставите ултиматум, голема е веројатноста дека тој ќе стави крај на вашето пријателство, за да ја сочува својата љубовна врска, дури и ако истата е токсична. Не го сфаќајте ова лично, едноставно Бикот попрво би се грижел за некој со којшто е во емотивна врска, сè додека не се разбуди од бајковитиот сон и почне да се справува со суровата реалност.

Биковите преферираат да ја ставаат нивната сигурност на прво место во животот. Нивните потенцијални финансиски успеси и спокојството, им се многу поважни од пријателствата. За Бикот е тешко да заборави нешто и да продолжи понатаму со животот, но кога се многу повредени тие најверојатно ќе си заминат и ќе ја избришат таа личност од неговиот живот. После сето тоа, тој ќе продолжи да биде во контакт со неговото семејство, но блиските пријатели ќе ги избегнува додека не ја надмине болката целосно.

Рак

Претставниците на овој знак се познати и како „мајките во Зодијакот“ бидејќи тие сакаат да бидат сакани, но уште повеќе сакаат и да даваат љубов. Ракот тежнее да има прекрасен дом, да создаде прекрасно семејство и да ги споделува своите надежи и соништа со прекрасен љубовен партнер. Раковите коишто не се доволно созреани и емоционално развиени, ќе ги игнорираат нивните пријатели и ќе се посветат само на љубовниот партнер. Тие ќе готват, ќе чистат и ако треба ќе одат и до Рајот и до Пеколот за оваа личност. Постојат жени-Ракови коишто ги ставаат своите партнери дури и пред децата, а има и мажи коишто ќе ги напуштат блиските пријатели, само затоа што имаат нова девојка во нивните животи.

Интересно е тоа што, ако нивната мајка не го сака избраниот партнер, голема е веројатноста дека Раковите ќе го „откачат“. Но, ако нивната мајка го сака партнерот, треба да заборавите на пријателството со Раковите барем на извесен период. Кога љубовната магија ќе спласне, Ракот повторно ќе се врати во вашиот живот, како ништо да не се случило во меѓувреме.

Лав

Лавовите се познати по тоа што ги ставаат нивните партнери на прво место во животот. Впрочем, тие се горди на сè што прават во животот, па нивните љубовни врски не се исклучок од тоа. Лавовите тежнеат да бидат најдобри во сè, бидејќи многу им е важен угледот. Тие сакаат светот да дознае за нивната совршена љубовна врска, но во почетниот цут на романсата не дозволуваат никој да биде вклучен во нивниот приватен живот.

Кога Лавот е заљубен, тој ќе паузира од дружењето со блиските пријатели, до оној момент кога сите ќе го запознаат и навикнат нивниот нов љубовен партнер. Откако ќе се случи тоа, ќе му покажат на цел свет колку се среќни заедно, дека поминуваат многу квалитетно време заедно, прават слатки селфиња и шетаат на разни места. Оваа фаза ќе трае сè додека трае и нивната љубовна драма, а потоа Лавот најверојатно ќе ја прекине врската и веднаш ќе продолжи да излегува со друг партнер.

Девица

Девицата е позната како олицетворение на убавината и достоинството, но кога е вљубена лесно може да ја зазема улога на слуга. Девиците ќе излезат надвор од нивните граници за да го задоволат нивниот партнер, преку изразување внимание и завршување практични обврски, коишто ќе помогнат во зацврстување на нивната врска. Девицата ќе толерира и трпи многу нешта и ќе направи сè што е во нејзина моќ за да ги поправи сите проблеми.

Девиците знаат да бидат многу тврдоглави и нема да ги примат советите од најблиските пријатели, бидејќи сметаат дека тие самите најдобро знаат како да се справат со ситуациите во нивниот живот. Девицата упорно ќе се обидува и вложува напор, сè додека не види позитивни резултати. Ако врската и понатаму не успева, таа или брзо ќе ја заврши или ќе остане заглавена во неа со години, додека не сфати дека мора да се откаже.

Вага

Вагите имаат променливо однесување во нивните кратки љубовни врски, но кога се лудо вљубени, тие екстремно се посветуваат на партнерот и буквално ќе исчезнат од животите на нивните најблиски пријатели. Ако забележите дека вашиот пријател роден во знакот Вага е цврсто заљубен, можете слободно да му кажете „чао“, бидејќи тој или таа ќе преферира да остане дома со сопругот/сопругата и да ги наводнува цвеќињата во дворот. Социјалната и забавна личност којашто некогаш беше присутна на сите забави, кога е заљубена ќе седи дома и ќе гледа ТВ серии со партнерот.

Вагата ќе се посвети 100% на нејзиниот партнер ако е заљубена во него. Таа дури и ќе се менува како камелеон, во согласност со идеалите и потребите на партнерот. Откако ќе заврши фазата на „меден месец“, таа можеби повторно ќе ги побара нејзините пријатели за дружба, а потоа зависно од тоа како ќе се одвива нејзината врска, може повторно да исчезне во наредните 6 месеци или 6 години.

Прочитајте и како најбрзо да се спријателите со секој од 12-те хороскопски знаци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар