Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи - Part 19

Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи

JAXK ‘IN (23.11 – 12.12)

Симбол: Сонцето кое се раѓа, Сонце-Бог, плодни полиња

Изворен превод: Светло на штотуку роденото сонце

Опис: Овој знак е карактеристичен за креативни, иновативни и импулсивни луѓе. Харизматични се и духовити. Лицата родени во знакот на JAXK ‘IN се поврзани со Богот на Сонцето на Маите, кој ги штител од темнината, сушата и болестите. Тие имаат исцелителни способности кои може да ги манифестираат преку зборови или да ги лекуваат другите на алтернативни начини.

Негативна особина им е двоумењето. Потребно е да научат да веруваат во своите одлуки и одлуките на оние околу нив.
Имаат мирно детство, послушни се, со силна волја, способни за секоја работа. Тие се добри трговци и организатори. Ги интересираат парите и сакаат удобен живот. Иако не сакаат непријателства, знаат да бидат остри критичари. Имаат потиснати емоции, а тоа често ги води кон осамен живот.

Ретко се потпираат на некого, иако со радост прифаќаат помош. Не се тврдоглави, упорни се и издржливи. Ги почитуваат партнерите, го сакаат семејството и подготвени се на жртва за саканите.

Битни случки во професионалната кариера ќе доживеат помеѓу 27 и 35 години. Обично имаат мирна и среќна старост.

Совет: Дури ни кога сте во вртлогот на случувањата од кои ви зависи идниот животен статус, не ги одбегнувајте пријателите. Напротив, послушајте ги советите од оние кои знаете дека се искрени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    сте ги измешале, KAYAB e 03.11-22.11 а не ова

Остави коментар