Неделен хороскоп од 19 до 25 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!
Овен
Љубов: Ќе имате голема потреба за љубов, но ќе наидете на помалку можности. Сепак, ќе успеете да воспоставите рамнотежа меѓу желбите и реалноста. Освен тоа, ќе споделите одредена фрустрација со пријател.
Кариера: Дозволете им на другите да се изразат и, доколку е потребно, да ве водат. Во овој момент не можете ништо да направите сами и затоа бидете разумни и трпеливи. Верувајте дека сè ќе си дојде на свое место.
Бик
Љубов: Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај вашите сомнежи. Понекогаш, ќе се чувствувате збунети, но реалноста ќе ви донесе нови задоволства. Доколку, пак, сè уште ја барате сродната душа, излегувајте почесто, но не избрзувајте со одлуките.
Кариера: Вашиот однос со авторитетите ќе биде нарушен и затоа немојте да инсистирате на вашите идеи. Бидете разумни и толерантни.
Близнаци
Љубов: Ќе ви бидат подеднакво важни организацијата на заедничкиот живот, но и добрата забава. Некои од вас, пак, ќе го тешат партнерот и ќе направат сè за да му го подобрат расположението.
Кариера: Можеби сè уште не ги гледате придобивките од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почувствувате. Токму интуицијата ќе ви биде главниот водич оваа недела. Доколку се сомневате во нешто доволно е да го слушнете внатрешниот глас.
Рак
Љубов: Шармот ќе ви биде главниот адут за заведување, а понекогаш другите ќе ве сметаат за „недофатливи“. Сепак, препуштете им се на поканите на саканата личност за да не зажалите подоцна.
Кариера: Многу работи ќе ви бидат ветени во следните денови. Така, понекогаш ќе ви се чини дека ви се нуди работа од бајките, но морате да бидете реални и претпазливи. Убаво размислете пред да склучите некаков договор.
Лав
Љубов: Вашиот приватен живот ќе биде комбинација од дискреција и бучава. Така, еден ден ќе се чувствувате приврзани за вашите доблести и за вашиот дом, додека следната вечер ќе бидете главната ѕвезда на забавата.
Кариера: Многумина од вас ќе ги усовршат своите вештини и ќе откријат нови детали за сопствената професија. Ве очекува нова фаза на учење и напредок.
Девица
Љубов: Веројатно на моменти ќе се чувствувате осамено, освен доколку тоа не е ваш избор. Доколку сте во врска, ве очекува динамичен период со доста забава, но сепак, не очекувајте совршенство.
Кариера: Некои од вас ќе имаат мали задолженија па затоа ќе ги искористат слободните денови за да ги завршат обврските. Тоа ќе се покаже како полн погодок.
Продолжува на следната страница…