Неделен хороскоп од 18 до 24 април: Што ќе ни донесе сезоната на Бикот? - Part 2

Неделен хороскоп од 18 до 24 април: Што ќе ни донесе сезоната на Бикот?

Вага

Минатонеделната енергија на полната Месечина ќе продолжи да ве води и овој пат кога Сонцето ќе го осветли вашиот сектор на партнерствата. Доколку сте во сериозна врска, следните четири недели ќе донесат можности за сериозни разговори околу финансиите и заедничкиот живот. Доколку не сте во врска, добро би било да направите самоанализа за да сфатите што очекувате од потенцијалниот партнер.

Неделен хороскоп од 18 до 24 април: Што ќе ни донесе сезоната на Бикот?

Скорпија

Сезоната на Бикот ќе владее со вашиот сектор на партнерствата – романтични и деловни. Додека Сонцето го осветлува овој аспект од вашиот живот во следните недели, космосот ќе донесе енергија, промени и пресврти во односите со вашите најблиски. Можеби нема да ви се допадне промената, но таа може да донесе чувство на вистинско ослободување на вашата личност и можност за нов личен развој.

Стрелец

Универзумот ќе ви ги пружи промените кои одамна ги посакувавте! Подгответе се да ја промените вашата дневна рутина бидејќи Сонцето во Бик ќе ве натера да размислите што е тоа што функционира, а што не. Како можете да внесете повеќе креативност и слобода во вашиот живот? Сè што треба да направите е да се препуштите на интуицијата која ќе ве одведе на вистинскиот пат.

Јарец

За вас започнува сезона на забава и креативност, па така во текот на следните денови дозволете си да уживате во животот. Излегувајте на прошетки во природа, правете ги нештата кои ве исполнуваат и посветете му се на вашето хоби. Работата може да почека. Покрај тоа, во овој период ќе се покажат исклучително важни вашите стратешки способности, така што работата ќе се одвива без проблеми дури и кога поминувате повеќе време во забава отколку всушност да работите.

Водолија

Работете попаметно, не понапорно! Астероидот Веста, божица на мудроста, ќе се доближи до Сатурн кој ќе биде во вашиот знак. Ова ќе ви помогне да почнете стратешки да размислувате. Сезоната на Бикот ќе го насочи вашето внимание кон домот и семејството. Промените се на повидок, доволно е да им се препуштите.

Риби

Со влегувањето на астероидот Јуно во вашиот знак оваа недела, ќе бидете полни со енергија за нови подвизи. Постои можност дека конечно ќе се реализира долгоочекуваниот предлог, договор или партнерство. Сепак, морате добро да ги дефинирате границите со оглед на тоа дека промените ќе ве направат да се чувствувате збунето. Покрај тоа, сезоната на Бикот ќе влијае врз вашиот однос со другите, па затоа обидете се да бидете искрени колку што е можно повеќе.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот кинески хороскоп за април 2022.

Извор: myimperfectlife.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар