Неделен хороскоп од 11 до 17 април: На што треба најмногу да се фокусираме?

Неделен хороскоп од 11 до 17 април: На што треба најмногу да се фокусираме?

Што ви предвидуваат астролозите за оваа недела? Прочитајте во продолжение!

Неделен хороскоп од 11 до 17 април: На што треба најмногу да се фокусираме?

Овен

Ова е недела кога треба да се фокусирате на личниот развој. Конјункцијата на Јупитер и Нептун ќе ја активира вашата дванаесетта куќа на духовноста и потсвеста. Нивната енергија ќе ве потсети дека со избрзување не можете да добиете сознанија за животот. Во текот на неделата, полната Месечина ќе ви го насочи вниманието кон нарушените односи помеѓу вас самите, од една страна, и професионалниот и приватниот живот од друга страна. Време е да размислувате за промени.

Бик

Кои се вашите најголеми надежи и соништа? Енергијата која ќе произлезе од спојот Јупитер-Нептун ве поканува да одговорите на ова прашање. Затоа, одвојте си време во текот на оваа недела да размислите што е она што вистински го посакувате. Не заборавајте притоа дека секогаш можете да сметате на луѓето од вашето најблиско опкружување. Тие можат да ви помогнат да ги остварите вашите соништа. Не пропуштајте ги новите можности кои ве очекуваат оваа недела.

Близнаци

Новооткриената инспирација во поглед на професионалниот живот ќе придонесе да го насочите вниманието кон кариерата и репутацијата. Оваа недела ќе се обидете да одговорите на прашањето како да внесете поголема креативност во вашата работа, бизнис или проект. Обидете се да се ослободите од она што веќе не ви служи и наместо тоа, фокусирајте се на вашата работа. Кон крајот на неделата, пак, ве очекуваат моменти исполнети со забава и добро расположение!

Рак

Во текот на оваа недела ќе направите обид да излезете надвор од вашата удобна зона. Затоа, доколку ви се јави можност за патување или студирање, искористите ја. Таквата шанса не само што ќе прошири вашите видици туку и ќе ве научи повеќе за животот. Од друга страна, време е да ставите крај на недоразбирањата во домот.

Лав

Оваа недела ќе биде идеалниот момент да се поврзете со вашата интуиција. Движете се полека, забележувајте колку што е можно повеќе и не занемарувајте ја ниту една информација на која ќе наидете. Покрај тоа, не плашете се да нурнете подлабоко во необичните теми и разговори. Ова особено важи за оние претставници на овој знак кои се во љубовна врска.

Девица

Конјункцијата Јупитер-Нептун ќе влијае поволно врз вашите односи со другите. Обидете се да одржувате контакт со луѓето кои размислуваат исто како вас бидејќи тие можат да се покажат како исклучително корисни во следниот период. Во поглед на љубовта, ве очекува една од најромантичните недели кои некогаш сте ги искусиле во животот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар