Најповолни периоди за љубов во 2019-та година за секој хороскопски знак

Најповолни периоди за љубов во 2019-та година за секој хороскопски знак

Некои знаци ќе имаат одлични прилики, а некои ќе бидат соочени со вистински искушенија. Доколку сакате да знаете кои периоди од 2019-та година ќе ви бидат најпогодни за љубов и планирање на тоа поле, продолжете со читање.

Најповолни периоди за љубов во 2019-та година за секој хороскопски знак

Овен

Оваа година љубовта нема да ви биде на прв план. Фокусот ќе ви биде на личниот развој и професионалниот живот. Ова не значи дека сепак нема да ја почувствувате, но тоа ќе биде на мирен и стабилен начин. Ако сте во врска, вашиот однос ќе се зацврсти. Најпогодните периоди за љубов ќе ви бидат од 8-ми јануари до 3-ти февруари, па од 21-ви април до 15-ти мај. Повторно ќе има добри услови за љубов од 29-ти јули до 21-ви август и од 2-ри до 26-ти ноември.

Бик

Најголемите промени ќе ви се случат кога Уран ќе влезе во вашиот знак, односно на 7-ми март. Ова може да се манифестира со внатрешна револуција и со нови оригинални барања, како од ваша страна, така и од другите. Во зависност со кој сте, саканата личност ќе ве разбере и ќе го прифати вашето чудно однесување. Најповолен период за љубов ќе ви биде од 4-ти февруари до 1-ви март, особено од 16-ти мај до 9-ти јуни. Другите периоди ќе бидат од 22-ри август до 14-ти септември и од 27-ми ноември до 20-ти декември.

Близнаци

Оваа година ќе ви се пружат неколку можности за брак и за партнерство, а на вас останува само да ги забележите. Оние коишто се во врска ќе го продлабочат односот со нивниот партнер, но само ако реално гледаат на животот. Доколку оваа година планирате заедничка иднина, разгледајте ги сите можности пред да почнете со какви било планови. Најдобри периоди за ова ќе бидат од 2-ри до 26-ти март, од 10-ти јуни до 3-ти јули. Повторно ќе имате добар период од 15-ти септември до 8-ми октомври и од 21-ри декември до крајот на годината.

Рак

Ќе бидете во искушение во кое ќе барате сериозност, зрелост и паметен пристап за решавање на проблемите. Некои врски ќе морате да ги дефинирате, некои ќе завршат, а ќе започнете и некои нови. Најдобрите периоди за љубов ќе ви бидат од 1-ви до 7-ми јануари, од 27-ми март до 20-ти април, од 4-ти до 28-ми јули и од 9-ти октомври до 1-ви ноември.

Лав

Зад вас е времето на промени во меѓусебните односи, па можете мирно да продолжите понатаму. Оставете го минатото во минатото и продолжете со високо крената глава и којзнае, можеби ќе најдете нова љубов. Некои Лавови можеби ќе станат родители, а ова ќе бидат одлични вести. Најдобриот период за љубов во 2019-та година ќе ви биде од 8-ми јануари до 3-ти февруари, од 21-ви април до 15-ти мај, од 29-ти јули до 21-август и повторно од 2-ри до 26-ти ноември.

Девица

Пред да направите што било, погледнете кон каде се движите и внимавајте на лошите и себични личности. Оние кои се во врска нема да имаат проблеми и ќе ја зајакнат нивната поврзаност. Доколку планирате заеднички живот, разгледајте ја финансиската ситуација и консултирајте се со професионалци. Најдобри периоди за љубов ќе ви бидат од 4-ти февруари до 1-ви март, од 16-ти мај до 9-ти јуни, од 22-ри август до 14-ти септември и од 27-ми ноември до 20-ти декември.

Вага

Мирот што долго сте го очекувале ќе го почувствувате оваа година. Појасно ќе размислувате за луѓето кои доаѓаат во вашиот живот. Доколку планирате заеднички живот со партнерот, ќе ви биде потребен дополнителен труд. Често ќе патувате, а таму ќе среќавате многу интересни луѓе. Љубовта најмногу ќе ја почувствувате од 2-ри до 26-ти март, од 10-ти јуни до 3-ти јули, од 15-ти септември до 8-ми октомври и од 21-ви декември до крајот на годината.

Скорпија

Изминатава година сте почувствувале дека постои можност за некакви променливо меѓусебните односи и оваа година ќе треба да ги прифатите. Ќе се соочите со искушенија, нови начини на одржувања на врската и ситуации кои ги немате доживеано досега. Можни се и неколку неочекувани романтични средби. Најдобар период за љубов ви е од 1-ви до 7-ми јануари, од 27-ми март до 20-ти април, од 4-ти до 28-ми јули и од 9-ти октомври до 1-ви ноември.

Стрелец

Оваа година сите врати ќе ви бидат отворени, вклучувајќи ја и онаа на љубовта. Поради вродената потреба за слобода, потребно е да бидете внимателни за да не одбиете некоја сакана личност. Можни се нови познанства или добар развој на врската што веќе ја имате. Најдобри периоди за љубов ќе ви бидат од 8-ми јануари до 3-ти февруари, од 21-ви април до 15-ти мај, од 29-ти јули до 21-ви август и од 2-ри до 26-ти ноември.

Јарец

Планетите ќе ви дадат постабилна насока во животот. Веројатно ќе се покажете како добар партнер, а ако сте сами можно е да му дадете поддршка на друг пар. Немојте веднаш да ги одбивате потенцијалните партнери. Најповолни периоди за љубов ќе ви бидат од 4-ти февруари до 1-ви март, од 16-ти мај до 9-ти јуни, од 22-ри август до 14-ти септември и од 27-ми ноември до 20-ти декември.

Водолија

Бидејќи сте ја научиле вашата лекција, сега знаете што сакате и можете да ги дефинирате вашите љубовни очекувања. Ако сте сами, многу време ќе поминувате со пријателите и познаниците, а од овде може да се роди некоја нова љубов. Најповолните периоди за љубов ќе ви бидат од 2-ри до 26-ти март, од 10-ти јуни до 3-ти јули, од 15-ти септември до 8-ми октомври и од 21-ви декември до крајот на годината.

Риби

Вашата фантазија конечно ќе стане реалност благодарение на блиските и саканите личности. Но, важно е да останете приземјени. Вашиот љубовен живот ќе се развива на позрел начин, но ќе остане простор и за вашите мали лудувања. Најповолни периоди за љубов ќе бидат од 1-ви до 7-ми јануари, од 27-ми март до 20-ти април. Од 4-ти до 28-ми јули и од 9-ти октомври до 1-ви ноември.

Погледнете и кои се хороскопските знаци што ќе имаат најмногу среќа во 2019-та година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар