Моден хороскоп за жени - Part 2

Моден хороскоп за жени

Овен

Кога се зборува за модата и стилот на облекување, можеме со сигурност да кажеме дека личностите родени во знакот Овен се трендсетери. Тоа се честопати жени кои се во состојба да поставуваат модни трендови (Викторија Бекам) и да бидат во преден план каде и да се појават. Дамите во овој знак се лесно препознатливи по својот добар вкус, секогаш се тренди и храбро ги носат најновите модни парчиња на пазарот.

(1) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

Тие се современи жени, толку беспрекорно сигурни во себе што дури и во машка комбинација би изгледале одлично. За нив совршени се панталоните или здолништата со висок струк, кошула која е усогласена со панталоните, па дури и да се работи за наједноставна бела кошула, високи потпетици и модерна кожна чанта. Ова е и повеќе од доволно за жената-Овен да биде во прв план и да блеска со својот сексапил како ѕвезда од црвениот тепих.

Ваквите жени го сакаат вниманието од околината, па често го одбираат црвениот кармин како нивен најсилен адут. Генерално, гардеробата им се состои од црвени парчиња, а одлично им прилегаат и црната и виолетовата боја. Ако овие дами се одлучат за фустан, тогаш тој мора да биде од пријатен материјал со едноставен крој, кој ја следи линијата на телото сè до колената.

(2) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mk

Гардеробата на Овенот е пред сè усогласена со нејзината природа – провокативна, но едноставна. Добриот метален накит, ракавици, украси за коса, шешири и марами се дел од нивните аксесоари, со кои смело го надополнуваат изгледот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. AstroTarot Reply

    Odlican horoskop, savrsene kombinacije taman kako ih ija nosim, pogodjeno u sridu:)

  2. Анонимен Reply

    🙂

  3. teodora/stefanija Reply

    ни за риби ни за девица не е погодено

Остави коментар