Мажите родени во овие 3 хороскопски знаци се ноќна мора за секоја жена

Мажите родени во овие 3 хороскопски знаци се ноќна мора за секоја жена

Доколку сте вљубени во маж кој е роден во некој од следниве хороскопски знаци, најверојатно би требало да размислите малку подобро дали сакате да бидете врска со таков човек. Секако дека не треба да ги сфаќате здраво за готово овие информации, бидејќи се генерализирани и екстремни. Сфатете ги како една обична забава! Дознајте кои хороскопски знаци се ноќна мора за секоја жена…

Мажите родени во овие 3 хороскопски знаци се ноќна мора за секоја жена

Рак

Ракот е секогаш преплавен со емоции. Тој доживува многу емоции со кои не знае како да се справи и тоа го доведува до збунетост. Неговите внатрешни мистерии и емоционални нарушувања често знаат да излезат надвор од контрола. Имате среќа доколку некој Рак се вљубил во вас. Што и да се случи, можете да бидете сигурни дека никогаш нема да ве остави. Но, доколку тој не е сигурен во своите чувства, тогаш би требало да почнете да размислувате за други опции. Не заборавајте дека не сте му психолог на вашиот партнер. Не е ваша должност да ги решавате неговите емоционални проблеми кои постојано се појавуваат.

Јарец

Јарецот ќе ве натера предолго да останете покрај него. Доколку го сакате, тој многу долго ќе се обидува да го тестира вашето трпение и толеранција. По некое време ќе сфатите дека не можете да го издржите тоа мачење. Ако го напуштите, тој ќе потоне во тага. Болката е секогаш екстремна за Јарците и нема потреба и вие да поминувате низ неа.

Бик

Биковите се многу тврдоглави и можат да ја истрошат сета ваша емоционална енергија. Овој земјен знак нема поим како да се справи со неговите емоции. Тој може да биде романтичен, но мора да биде добро расположен за такво нешто. Кога нема да биде расположен, неговите зборови толку многу ќе ве погодуваат што ќе се чувствувате како најлошиот човек на Земјата. На Биковите им е полесно да ве навредат отколку да ја изразат нивната љубов кон вас. Зошто да бидете депресивни поради тоа што вашиот Бик не знае да разговара со вас? Наместо тоа, дозволете му да разговара со своите рогови. Заслужувате нешто подобро од ова!

Дознајте и кои се трите машки хороскопски знаци кои се најлоши брачни партнери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. jac Reply

    nema vrska vaga

Остави коментар