Љубовен хороскоп за ноември: Кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта? - Part 2

Љубовен хороскоп за ноември: Кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта?

Вага

Ноември ќе им донесе многу познанства на осамените Ваги. Се чини дека уживате во вниманието на спротивниот пол, но кога ќе дојде време за избор, треба внимателно да ги погледнете сите опции. Внимавајте при изборот на партнер и не започнувајте веднаш со интимна врска. Обидете се да избегнете сомнителни ситуации. На крајот на месецот може да ве снајдат помали неволји, но лесно ќе се справите со нив.

Љубовен хороскоп за ноември: Кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта?

Скорпија

И на семејните и на осамените Скорпии им претстои напорен месец. Вашата љубов кон интригите и флертувањето може да доведе до интересни познанства. Сепак, ќе бидете толку фокусирани да ја пронајдете вашата сродна душа што ќе заборавите на сè друго.

Стрелец

Ноември нема да биде многу поволен месец за оние од вас кои бараат сродна душа. Секој обид да се изгради романтична врска ќе пропадне. Сепак, сите искуства ќе бидат добредојдени и затоа вреди да се обидете повторно да ја пронајдете вашата љубов. Во меѓувреме ќе запознаете и различни луѓе. Оние кои се во врска, пак, ќе имаат можност да ги решат недоразбирањата во врската до крајот на месецот.

Јарец

Големи се можностите да ја сретнете вашата сродна душа во втората половина од месецот, но прво треба да поминете низ некои препреки. Неодлучните Јарци ќе ризикуваат да ја загубат личноста што им се допаѓа. За да се отворат и да ги покажат своите чувства, тие треба да бидат убедени во сериозните намери на партнерот. Семејните Јарци, пак, ги очекува мирен ноември бидејќи со саканата личност ќе работат на остварување на заедничките цели.

Водолија

Во ноември ве очекуваат проблеми во потрагата по сродна душа. Со своето однесување можете да го отуѓите потенцијалниот партнер. Сепак, не треба да се грижите бидејќи крајот на ноември може да донесе позитивен пресврт, а тоа значи дека ќе запознаете личност која е подготвена за сериозна врска. Дозволете му на вашиот потенцијален партнер да ги изрази своите чувства.

Риби

Ноември ќе им дозволи на Рибите да ја запознаат својата сродна душа. Можеби тоа ќе биде некој од кругот на блиски пријатели. Обидете се да бидете повнимателни кон вашиот потенцијален партнер – постојат ризици да го повредите со вашето двосмислено однесување. Стапете во врска само тогаш кога вашите чувства ќе бидат искрени. Доколку сте во врска, пак, добро би било да ги земете предвид советите на другите и да ги контролирате сопствените импулсивни реакции.

Откако го прочитавте љубовниот хороскоп за ноември, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата сродна душа оваа есен.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар