Љубовен хороскоп за месец март

Љубовен хороскоп за месец март

Скорпиите ги очекува романса на работното место, а Јарците се расположени за експерименти… Пронајдете го вашиот знак во продолжение и дознајте што ве очекува во љубовниот живот во текот на месец март.


Љубовен хороскоп за месец март

Овен

Првата недела од март ќе биде прилично безживотна на љубовен план, па најдобро е да не планирате ништо романтично. Но вашата среќа ќе почне да расте од 8-ми март и секој нареден ден. Венера, планетата на љубовта и хармонијата, а за вас и владетел на врските, влегува во вашиот знак. Ова ветува среќа во љубовта, добро разбирање помеѓу паровите и поволни околности за флертување, вљубување и забава. Последната декада од месецот може да ви донесе големо задоволство бидејќи на 2-ти март сонцето, владетелот на куќата на страстите и сексуалноста, влегува во вашиот знак.

Бик

Биковите може да очекуваат голема среќа која ќе трае до ноември благодарение на Јупитер. Но немојте премногу да сонувате. Марс, владетелот на вашата куќа на паровите, ќе се движи помеѓу Јарец и Водолија. Овој циклус ќе трае до ноември и ќе донесе период на анализа, процеси, премислување, компликации и неочекувани постапки. Првото влијание на Марс ќе се покаже во втората половина на месецот. Може да биде суптилно, па затоа е најдобро внимателно да размислувате за сите ситуации. До тогаш уживајте во првата половина од месецот која може да ви донесе многу задоволство и љубов.

Близнаци

Во првиот дел од март Марс ќе се движи низ куќата на паровите и ќе станете навистина активни во љубовниот живот. Подготвени сте да преземете иницијатива, да делувате и да донесете одлука. Понекогаш ќе брзате или ќе имате променливо расположение. Што и да се случи, Марс ќе ја зачини ситуацијата. Овој месец е поволен за љубов, забава, уживање во пар и за постигнување заеднички цели со партнерот.

Рак

Сериозно ќе го сфатите љубовниот живот. Овде спаѓаат обврските, а можеби и ќе поминувате низ тежок период. Работите ќе ви станат појасни во втората половина од месецот, кога енергичниот Марс ќе влезе во вашата куќа на паровите. Од друга страна, можете да сметате и на позитивните ефекти на Јупитер што ги исполнуваат куќите, љубовта и сексуалноста со среќа, како и на позитивните ефекти од Венера, планетата на љубовта. Со други зборови, иако ќе има компликации, проблемите може да се решат и ќе ви оди добро.

Лав

Со Марс во куќата на љубовта и сексуалноста, во текот на првата половина на март очекувајте романтика. Ќе имате желба за освојување па може да се најдете во страсна авантура но без ризик од опасни последици. Во првите две декади на месецот, повеќе во втората, сонцето ќе ви донесе среќа и задоволство. Март ќе биде возбудлив месец и ќе имате чувство како да сте во рајот. Но тоа повеќе се однесува на самата љубов отколку на бракот или долгите врски. Овде ќе имате помалку среќа.

Девица

Првите две декади од март се ветувачки – сонцето е во вашата куќа на паровите. Во љубовниот живот може да ви донесе задоволство, да ви помогне во разговорите, средбите, патувањата и во остварувањето на заедничките интелектуални цели. Венера, планетата на љубовта минува низ вашата осма куќа, а ова кажува за заеднички интереси во врска со парите или истражувањето на вашиот однос. Сексуалноста и страста минуваат низ динамичен период во втората половина од месецот.

Вага

Март ќе ви донесе многу емотивни отворања и потреба да ги споделите чувствата и мислите со саканата личност. Во последната декада од месецот Венера и Меркур ќе му се придружат на сонцето и ќе бидете умерени со партнерот. Желбата за зближување ќе биде уште посилна. Може да дојде до некоја промена, а расположението ќе стане посериозно или нервозно по 17-ти март.

Скорпија

Март е романтичен месец. Во првите две декади сонцето ќе минува низ куќата на љубовта и сексуалноста и ќе ја зголеми страста. Очекувајте среќа во љубовта, флертување, вљубување и афери. Првата недела ќе биде одлична бидејќи Венера ќе се наоѓа во куќата на љубовта. Изгледа ќе постои и поврзаност помеѓу вашиот љубовен и професионален живот. Тоа може да резултира со вљубување во колега или некоја друга личност од работното место.

Стрелец

Во првиот дел од март, присуството на Марс во вашиот знак ќе ги разгори страстите и ќе ве тера да одговарате и на најмалата провокација. На почетокот на втората недела, Венера, планетата на љубовта, и Меркур, владетелот на куќата на паровите, се наоѓаат во вашата куќа на љубовта и сексуалноста. Ова значи дека март е дарежлив месец и има голем потенцијал за вашиот љубовен живот. Ова е месец полн со случувања и доживувања. Сега можете да ја искусите новата љубов или да разгорите некоја стара. Во вториот дел од месецот може да настанат некои компликации.

Јарец

Венера е во друштво на Меркур во текот на март. Оваа комбинација носи освежување, романтично расположение и апетит за флертување и експерименти. Во некои случаи ова може да биде знак за емотивна нерамнотежа. Ќе ве привлекува партнер кој е зборлив и снаодлив. Комуникацијата и менталната компатибилност имаат важна улога во изборот на партнерот, како и во позитивниот напредок на врската. Можно е да пронајдете љубов на некое патување или пак да тргнете на патување поради љубов. Паровите кои се во подолги врски ќе е согласуваат добро и ќе си обрнуваат повеќе внимание еден на друг.

Водолија

Март ви носи значајни средби и патувања кои може да се важни за вашиот љубовен живот. Може да се роди некоја врска како резултат на размена на впечатоци и идеи. Затоа што Меркур ќе биде во близина на Венера, овој период е значаен за вашиот љубовен живот. Менталната стимулација ќе ви биде како афродизијак и очекувајте незаборавни чувства. Од друга страна пак, поради сонцето, материјалните интереси исто така може да имаат влијание на врските.

Риби

Првата недела од март е добра за љубов. Венера и Меркур ќе се наоѓаат во вашиот знак. Нема комбинација која може да ви донесе повеќе среќа, задоволство и хармонија во врската. Близината на Венера е добра за Меркур до крајот на месецот. Ќе го задржите чувството на задоволство во љубовниот живот, но по 7-ми март романтичната атмосфера ќе исчезне. Ова ќе направи место за нешто друго – љубовниот живот ќе се испреплети со материјалниот, а можеби и со професионалните интереси.

Дали знаете кој хороскопски знак има најмногу среќа?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар