Љубовен хороскоп за 2013 година

Љубовен хороскоп за 2013 година

Пред вас се наоѓа љубовниот хороскоп за 2013 година. Проверете како ќе ви бидат наклонети ѕвездите во наредните 365 дена.Љубовен хороскоп за 2013 година

Овен

Љубовниот живот на овните во 2013 година ќе биде полн со интересни и возбудливи нешта. Оваа година тие ќе имаат значајни промени во однос на претходната. Уште на самиот почеток на годината, тие ќе почнат да водат интересен љубовен живот, па ни самите нема да знаат што сакаат. Едноставно ќе пробаат сè што ќе им се понуди, па од тоа ќе го одбираат најдоброто.

Слободните овни оваа година нема да почувствуваат недостаток на авантура, но сепак подобро е да внимаваат бидејќи можат да имаат негативни последици. Затоа е најдобро добро да размислите пред да се впуштите во нешто за кое не сте сигурни. Оние овни кои се во потрага по партнер, оваа година ќе пронајдат личност која ќе ги заинтересира, но дали таа личност ќе биде вистинската, ќе зависи од тоа колку се јасни нивните идеи за она што го сакаат.

На овните кои се во врска, почетокот на годината ќе им помине во кавги, незнаејќи што точно сакаат. Едноставно ќе постојат периоди кога нема да знаат што сакаат од нивната врска, а единствен начин тоа да го дознаат ќе биде јасно да се отворат пред партнерот за тоа што ги мачи. Доколку ги расчистат нивните проблеми, работите ќе тргнат на подобро веќе од март. Ова дополнително ќе го зачини нивниот сексуален живот.Љубовен хороскоп за 2013 година

Бик

Во 2013 година на биковите нема да им се случат некои значителни промени во однос на претходната година, од причина што премногу бараат и во сè гледаат само мани. Тоа е нивниот најголем проблем. Тие треба да сфатат дека никој не е совршен и да пристапат кон барање компромис. Ценете ги луѓето според она што се, на не според нивниот изглед.

Слободните бикови најмногу авантура ќе имаат во летните месеци, но за жал тоа нема да продолжи понатаму. Оние кои се во потрага по партнер, оваа година ќе имаат големи промени. Опуштете се, посветете повеќе време на себеси и изградете се како квалитетна личност. Проблемот лежи во тоа што не ја пронаоѓате онаа личност која што може да ги задоволи вашите потреби, па затоа треба да размислите дали можеби премногу барате и дали вие придонесувате доволно за другата личност да биде задоволна.

Зафатените бикови оваа година нема да почувствуваат некои значајни промени. На почетокот од годината ќе има мали потреси во врската, но тоа брзо ќе се реши. Причина за кавгите може да биде монотоноста во врската, па затоа е подобро веднаш нешто да преземете околу тоа. Најдобро би било да воведете некои промени во сексуалниот живот, повеќе да патувате со партнерот и да ги правите сите оние активности во кои заедно уживате и сте среќни. Сексуалниот живот ќе ви биде доста интересен, особено на крајот од годината, кога ќе се ослободите расчистувајќи некои работи со себе, а вашиот партнер ќе го забележи тоа.Љубовен хороскоп за 2013 година

Близнаци

Близнаците ги чекаат позитивни промени во љубовниот живот од април, без разлика дали се сингл или во врска. Причина за овие промени ќе биде нивното однесување, бидејќи ќе зрачат со позитивна енергија и ќе ги привлекуваат луѓето околу себе.

Почетокот на годината ќе го поминете повеќе околу семејството и домот, па затоа нема да почувствувате некои големи промени во овој период. Сè ќе се промени кога ќе посветите поголемо внимание на пријателите и излегувањето на забави. Оние кои се во потрага по партнер, треба да знаат дека оваа година би можела да им донесе промени на тоа поле. Зближете се со личноста со која сте во контакт и се дружите веќе подолго време. Опуштете се, не форсирајте, бидејќи постои ризик да станете и по малку напорни.

Оние близнаци кои се во врска годината ќе ја започнат со кавги, недоразбирања и запоставување на партнерот. Сепак не треба да се оддалечувате од луѓето кои ги сакате, бидејќи можете да ги изгубите засекогаш. Поразговарајте со партнерот, бидејќи не можете сè сами да решите. На сите проблеми крајот ќе им дојде во летните месеци, бидејќи во тој период сето свое внимание ќе им го посветувате на партнерот и луѓето кои ви значат, а тоа позитивно ќе се одрази на вас. Вашиот сексуален живот ќе биде монотон и по малку досаден, па затоа настојувајте тоа да го промените.Љубовен хороскоп за 2013 година

Рак

Оваа година за раковите ќе биде прилично мирна, сè до месец септември кога ги очекуваат позитивни промени. Немојте да се врзувате со куќата, излезете, запознавајте нови луѓе и култури. Само така ќе се чувствувате исполнети и позитивни.

Оние кои се во потрага по партнер, ќе станат очајни во летните месеци, што ќе ги доведе до општо незадоволство, но со сигурност така нема да привлечат никого. Потребно ќе биде да станете посамоуверени и кога најмалку ќе очекувате, крајот на годината можеби ќе ви го промени животот засекогаш. Во вашиот живот можеби ќе се појави личност која ќе ви ги промени негативните ставови за љубовта.

Оние ракови кои се во врска, можат да се разочараат од личноста која ја сметале за вистинска и да ја прекинат долгогодишната врска. Иако претходно тие ја вложиле целата своја енергија врската да опстане, не е доволно само еден силно да го посакува тоа. Потребно е да му дадат слобода на партнерот, а времето ќе покаже дали таа личност е вредна за сиот труд. Сексуалниот живот ќе биде најинтересен во почетокот и на крајот на годината. Иако не сакате да признаете дека сакате да експериментирате и ретко коментирате што доживувате, ве советуваме да му се отворите на партнерот и да кажете што посакувате. Тоа ќе ви донесе многу подобро сексуално искуство.Љубовен хороскоп за 2013 година

Лав

Оваа година за лавовите ќе почне идилично, сѐ ќе биде баш како што треба од секој аспект на животот. За жал тој период нема да трае предолго, па веќе во месец март лавот го очекуваат проблеми кои би можеле да доведат и до оддалечување од некоја драга личност. Сепак, доколку навистина многу им значи таа личност, ќе треба да се борат за неа.

За оние кои се во потрага по партнер, оваа година не носи некои најдобри вести на тоа поле. Цела година ќе им се појавуваат кратки љубовни врски и едноноќни авантури. Проблемот е во тоа што се чувствуваат емотивно нестабилни и ни самите не знаат што точно сакаат.

Лавовите кои се во врска ќе проаѓаат низ периоди кога нема да бидат сигурни во својот партнер, односно периоди во кои нема да бидат сигурни дали партнерот им е поддршка или кочница. Дозволете му на партнерот да ви помогне заедно да поминете низ тој период и преку проблемите кои ги имате. Така ќе се чувствувате посреќни, а врската ќе ви се зацврсти. Кога е во прашање сексуалниот живот, тој ќе биде многу добар, како што и е вообичаено со лавовите. Бидејќи лавовите се непредвидливи, секс може да се очекува во кое било време и на кое било место. Тие споделуваат несебична љубов за партнерот, но истото го очекуваат и назад.Љубовен хороскоп за 2013 година

Девица

За девицата оваа година, на љубовен план, ќе помине релативно мирно. Сепак, ситуацијата со сигурност ќе се промени за разлика од претходната година. Оние кои се во потрага по партнер, оваа година нема да ја пронајдат личноста која одговара на нивните критериуми, но можни се кратки авантури во летните месеци.

Слободните девици ќе ги привлекуваат останатите, со својот неверојатен шарм и сензуалност, но бидејќи се многу пребирливи, ќе им биде потребно повеќе време за да го направат својот љубовен избор. Ќе треба да внимаваат да не ги пропуштат сите шанси, па да биде прекасно за романса.

Девиците кои се во врска оваа година ќе имаат еден страстен и убав љубовен живот. Љубовните ветрови повремено ќе ја расипуваат нивната хармонија, особено во летните месеци, но сите проблеми брзо ќе се решаваат. Покрај себе, девиците имаат партнер кој е секогаш тука за нив, па доколку имаат некакви проблеми, слободно можат да му се обратат, а тој ќе ги сослуша и ќе им помогне. Сексуалниот живот ќе им биде полн со непредвидливости, ќе уживаат во прегратките на партнерот, ќе експериментираат и ќе водат љубов на разни места.Љубовен хороскоп за 2013 година

Вага

Вагите обожаваат да флертуваат, а тоа нема да им недостасува ниту оваа година. Слободните ваги ќе се впуштаат во флерт со личности кои само физички ги привлекуваат, но ќе треба да внимаваат да не повредат некого со своите манипулативни игри, бидејќи ни самите не сакаат некој тоа нив да им го прави.

Доколку се во потрага по партнер, оваа година нема да пронајдат личност која одговара на нивните критериуми. На вагите им е тешко да останат верни на само една личност, па оваа година особено ќе им биде исполнета со разни авантури и експериментирања.

Зафатените ваги ќе проаѓаат низ еден турбулентен период во врската, многу често ќе се караат со партнерот, а можни се и прекини. Доколку не сакаат да ја изгубат личноста која им значи, треба да ѝ се посветат и да ѝ докажат колку им значи. Исто така не треба да му даваат премногу причини на партнерот да биде љубоморен. Во сексуалниот живот ќе им недостасува имагинација, што е невообичаено за нив, особено доколку се во однос со личност која го споделува истиот сексуален апетит како нив. Најголема желба за секс ќе имаат во летните месеци. Во сексот најдобро ќе се сложуваат со воздушните хороскопски знаци (близнаци, вага и водолија).Љубовен хороскоп за 2013 година

Скорпија

Скорпијата сака да живее динамичен живот, а оваа година ќе ѝ биде токму таква. Често ќе излегува со друштво и ќе ужива, а и флертување нема ѝ недостасува. Ќе ја привлекуваат различни профили на луѓе. Оние кои се во потрага по партнер можеби ќе пронајдат личност која ќе ги привлече со својата нежност и таинственост, но само времето ќе покаже дали таа личност е онаа вистинската, која скорпијата ја бара.

Зафатените скорпии ќе поминуваат низ мирен љубовен период во текот на целата година, со можност за појава на мали кавги кои лесно ќе ги решаваат со партнерот, преку разговор и разбирање. Многу е важно скорпиите да бидат трпеливи, за сѐ да си дојде на свое место. Сексуалниот живот ќе им биде малку монотон и досаден, особено во зимскиот период. Токму затоа најдобро ќе биде да внесат некаков новитет, да експериментираат со секс-пози и места, а потоа со сигурност ќе се чувствуваат многу подобро.Љубовен хороскоп за 2013 година

Стрелец

Што се однесува до стрелците, најсилните турбуленции ќе ги почувствуваат на почетокот од оваа година, кога ќе бидат подложни на разни авантури и активности. Мирен период ќе им следува дури во втората половина од годината. Оние кои се во потрага по партнер, оваа година нема да пронајдат профил на личност која ќе им одговара. Ќе се впуштаат во авантури во летните месеци, но со личности кои нема многу да им значат.

Зафатените стрелци ќе минуваат низ проблематична фаза во нивната врска. Проблемите ќе започнат уште на почетокот од годината, а можен е и прекин на врската. Доколку нивната врска е навистина цврста и успеат да ги пребродат проблемите, истата ќе биде проследена со мирна фаза од месец мај, кога постои можност да ја проживеат една од најубавите љубовни фази од нивната врска.

Во сексот ќе бидат подложни на експериментирање во нови пози, секако доколку нивниот партнер се согласува со тоа. Сексот во секој случај ќе им биде занимлив оваа година. Најсилна страст ќе почувствуваат со огнените (овен, лав и стрелец), па со воздушните знаци (близнаци, вага и водолија).Љубовен хороскоп за 2013 година

Јарец

Јарците во 2013 година ги очекува вистинска идила, што се однесува до љубовта. На нивниот љубовен живот ќе им завидуваат многу пријатели, па и непријатели, поради што може да дојде до мали тензии, но ништо значајно нема да се промени. Јарците нема да имаат потреба да ризикуваат да влезат во некаква расправија или нешто друго кое би можело да им наштети на нивната врска. Со оглед на тоа што јарците се тврдоглави личности, често ќе се доведуваат во ситуација да го нервираат нивниот партнер, но сите тие нивни испади се прелазни и брзо ќе се заборават.

Сите слободни јарци ги очекува една вистинска авантура во 2013 година, која ќе се случи на почетокот од летото. Оваа година јарците едноставно нема да се грижат за нивниот љубовен живот, а токму од ова можат да произлезат многу позитивни работи. Можеби ќе пробаат да формираат врска со некоја многу блиска личност, која ќе им стане многу повеќе од само пријател/ка. Во краток период ќе се држат на дистанца од таа личност. Крајот од годината ќе внесе константност во нивниот љубовен живот и судејќи според сѐ, така ќе продолжи да се одвива и во наредната година. Нивниот сексуален живот ќе биде многу интересен. Покрај себе ќе имаат партнер кој ќе им ги исполнува сите желби и ќе ги задоволува сите нивни сексуални апетити. Ќе сакаат да испробуваат најразлични секс-пози, но треба да бидат внимателни да не се повредат притоа. Во еден краток период од месец февруари, јарците може да поминат низ една пауза од љубовта, но сѐ би требало да дојде на свое место до почетокот од месец март.Љубовен хороскоп за 2013 година

Водолија

Љубовниот живот на водолиите во 2013 година ќе се движи по речиси идеални патеки на спокој и среќа. Водолиите и понатаму ќе бидат многу сталожени и присебни личности во однос на нивниот партнер и врска. Иако се склони кон ситни кавги поради нивната тврдоглавост, водолиите сепак нема нив да ги претвораат во сериозни проблеми, кои би можеле да ја нарушат благосостојбата на нивната хармонична врска. Од ден на ден, како ќе изминува годината, нивната врска ќе биде сѐ постабилна. Со оглед на тоа што надвор од нивниот дом водолиите се тотално други личности на кои им е најбитна кариерата, оваа година за промена ќе почувствуваат силна потреба да го поминуваат секој слободен миг со нивниот/ата партнер/ка. Нивниот сексуален апетит нема да се менува и и понатаму ќе уживаат во сѐ. На средина од годината, на водолиите ќе им се случи еден позитивен обрт и нешто ќе дојде неочекувано во нивниот живот.

За сите оние кои се слободни, оваа година нема да им донесе многу авантури, но ќе им внесе личност во животот со која можат да формираат квалитетна љубовна врска. Таквата врска може да се случи на крајот од пролетта или на почетокот од летото. Иако водолиите оваа година ќе поминуваат многу помалку време во ноќниот живот во однос на изминатите години, љубовната врска ќе им се случи по пат на изненадување, со познаник/чка на кој/а најмалку се надевале. На почеток од годината на водолиите може да им се случи краток депресивен период, од кој брзо ќе излезат.Љубовен хороскоп за 2013 година

Риби

Рибите ги очекува уште една релативно мирна, мелодична година полна со љубов. Нивната љубовна ситуација нема да се менува во текот на наредните 12 месеци и вешто ќе ги избегнуваат сите сериозни кавги кои би можеле да ја одведат нивната врска во лоша положба. Нивниот партнер ќе биде многу задоволен, бидејќи ќе има силна доверба во нив. Суверено ќе владеат со своите емоции и точно ќе знаат што сакаат. Доколку дојде до ситни караници, нив со леснотија ќе ги решаваат во своја полза. На средината од годинава, може да се соочат со некоја напната ситуација, која ќе ги повреди. Ривалите на рибата може да пуштат лажни гласини за неа, кои ќе ја направат агресивна. Наместо тоа, таа треба да ја избегне нервозата и да се фокусира на својата најдобра особина – позитивноста. Во секоја смисла на зборот треба да избегнува нервоза и непотребни сомнежи. Рибите треба да комуницираат поискрено и целосно да ги искажат нивните најдлабоки емоции. Со споделување на нивните емоции, лесно ќе ги решаваат проблемите со нивниот партнер.

За сите оние кои се слободни, оваа година не би требала по ништо да се разликува од минатата, освен што во 2013 може да се случи некаква авантура, од која би можело да произлезе нешто многу квалитетно. Рибата треба да се обиде да одвои повеќе време за подобрување на нејзиниот физички изглед, со некоја спортска рекреација која најмногу им годи. Нивните сексуални навики нема да се менуваат. И понатаму ќе бараат многу од нивниот партнер/ка во сексот, а најдобро би требало да се согласуваат со некоја скорпија.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар