Колкави се шансите за неверство и процентот на љубомора што го чувствува секој хороскопски знак во љубовните врски?

Без разлика дали верувате во хороскоп или не, секогаш постојат некои сличности помеѓу карактерот и астрологијата кои ги препознаваме во себе, во своите домашни, во пријателите или во партнерот. Додека некои особини на знаците се вредни за пофалба, други пак никој не сака да ги признае и да каже дека го опишуваат неговиот знак. Љубомората и неверството се едни од тие. Затоа, дознајте кои хороскопски знаци се најопасни како партнери.

0-ljubomora-i-neverstvo-koi-horoskopski-znaci-se-skloni-kon-izneveruvanje-kafepauza.mk

Овен

Верност: Ако во неговата глава не е тоа тоа, неверството се случува одненадеж и не е реткост, но ако Овенот се заљуби, тогаш тој сака со целото негово срце.

Љубомора: 75%

Бик

Верност: Во љубовта ја сакаат сигурноста и среќата што им ја носи цврстата и стабилна врска. Не се склони кон неверство и верни се на партнерот. Искушението не им никаков проблем – сигурно ќе одолеат.

Љубомора: 65%

Близнаци

Верност: Иако можеби сакаат да бидат верни, тешко е да се одолее на шармот на Близнакот. Ако не се во сериозна врска, тие обожуваат да кокетираат дури и кога не сакаат ништо повеќе од дружење – тоа може да ја збуни другата страна. Но кога вистински ќе се заљубат, Близнаците се трудат да му удоволат на партнерот и да бидат верни.

Љубомора: 25%

Рак

Верност: Ако нивната врска е квалитетна и вредна за чување и одржување, Ракот ќе ви биде верен до самиот крај, но со оглед на неговите прилично високи барања за цврста врска, во неговите очи многу лесно можете да се претворите во нешто што не е вредно за спасување. Сепак, Ракот е верен додека е среќен.

Љубомора: 85%

Лав

Верност: Со вистинските зборови и гестови, Лавот може многу брзо и лесно да биде заведен – но тоа не значи дека тој ќе ја жртвува неговата врска, туку ќе ги стави работите на вага и ќе процени што повеќе му одговара. Има цврсто его – поради кое е тешко да го восхитите.

Љубомора: 80%

Девица

Верност: Девиците се многу верни и истото го очекуваат од својот партнер. На овој знак, врските можат да му станат лабилни, особено ако им се допаѓа нечие ласкање. Тешко се вљубуваат.

Љубомора: 40%

Вага

Верност: Вагите сакаат да експериментираат и да мерат на вага, како во врските – така и во животот. Поради тоа тие не се баш најверни партнери. Уживаат во љубовни авантури и тешко е да ги скротите, но ако тоа некому му тргне од рака, и ако се среќни и заљубени, тие долго ќе останат во врска.

Љубомора: 50%

Скорпија

Верност: Скорпиите се познати како големи шармери и заводници поради нивните лукави и избрани зборови, а тоа ги прави да зрачат со голема доза сексапил. Иако се склони кон авантури и обожуваат да пробуваат нови нешта, штом одберат партнер тие и животот ќе му го посветат.

Љубомора: 90%

Стрелец

Верност: Многу се друштвено активни и популарни и поради тоа верноста никаде не се спомнува во нивната листа на добри карактеристики. Сакаат стабилни врски, но одвреме-навреме се спремни да си дозволат по некоја авантура.

Љубомора: 20%

Јарец

Верност: Овој знак цврсто стои на земја и не му се потребни ласкања за да ги задоволи своите потреби. Тие се многу верни и истото го очекуваат од партнерот. Спремни се многу да истраат во име на вистинската љубов.

Љубомора: 30%

Водолија

Верност: Како љубовници се многу непредвидливи и тешки за контролирање. Сакаат игри – поради што често заглавуваат во неверства. Многу се несигурни кога станува збор за љубовта, затоа стануваат склони кон експерименти.

Љубомора: 10%

Риби

Верност: Рибите се многу отворени и сакаат да пливаат во љубовните и друштвените води. Врските им се долги и стабилни. Кога сакаат тоа го покажуваат со дела, но и авантурите не им се непознати.

Љубомора: 70%

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар