Која карактеристика ве прави совршено добар пријател? Еве што велат астролозите за тоа

Која карактеристика ве прави совршено добар пријател? Еве што велат астролозите за тоа

Постојат различни црти од нашите личности, но кои особини нè прават добри пријатели дознајте од астролозите кои имаат одговор и на ова прашање.

Која карактеристика ве прави совршено добар пријател? Еве што велат астролозите за тоа

Овен

Вие сте „отворена“ личност. Ги кажувате нештата такви какви што се. Ако вашиот пријател е во неволја, вие го освестувате. Му ги „отворате очите“. И му помагате да ја преброди ситуацијата.

Бик

Смешен сте – а понекогаш тоа е токму она што им треба на вашите пријатели. Знаете како да ги смирите кога се вознемирени. Знаете како да извлечете насмевка од нив дури и кога лошо се чувствуваат. Знаете како да направите повторно добро да се чувствуваат.

Близнаци

Вие сте добар слушател. Без разлика на тоа за што сака да се пожали вашиот пријател, вие сте тука да го сослушате. Тој може и да заплаче пред вас. Може да го изрази и незадоволството од животот пред вас. Може да ви каже за сè што го засега, а вие секогаш сте спремни да го сослушате.

Рак

Вие сте негувач. Знаете како да се опуштите, но кога е време да го расчистите хаосот, вие сте првите што му помагаат на пријателот. Вие сте оној кој дава совети. Оној кој секогаш знае што тој треба да прави.

Лав

Вие ги освестувате луѓето. Кога тие се однесуваат како неранимајковци, вие директно ги опоменувате. Им помагате да останат присебни. Вие ги држите под контрола.

Девица

Вие сте личност која носи возбуда. Секогаш кога вашиот пријател ќе објави селфи или ќе се дотера пред излегување со вас, му кажувате колку добро изгледа. Вие правите вашиот пријател да се чувствува сигурно. Вие правите вашиот пријател или пријателка да се почувствува секси.

Вага

Вие простувате. Ако вашиот пријател „исчезне“ од вашиот живот затоа што поминува низ тежок период, вие му простувате. Ако имал лош ден и делува малку нерасположено, му простувате. Ако доцни или му треба премногу време за да одговори на вашата порака, вие му простувате. Вие му давате слобода тој да си поигрува со вас.

Скорпија

Вие сте лојални и заштитнички настроени. Вие сте секогаш на страната на пријателот. Ако некој зборува лошо за него, вие го браните. Никогаш нема да дозволите некој да го спомене во лош контекст во ваше присуство.

Стрелец

Никогаш не осудувате. Вашиот пријател може да ви ги признае најдлабоките и најтемни тајни, а вас нема ниту „око да ви трепне“. Нема да го промените мислењето за него. И вие сте поминале низ тешки ситуации, затоа не се поставувате надмоќно. Луѓето понекогаш грешат и тоа е нормално според вас.

Јарец

Вие сте поддржувач и најголем навивач во таборот на вашиот пријател. Кога тој сака да направи нешто, без разлика дали да ѝ пријде на личноста што му се допаѓа или да аплицира за ново работно место, вие правите тој да се чувствува како да има сè под контрола. Бидете сигурни дека тој е свесен за вашата доверба кон него.

Водолија

Вие сте брутално искрени. Ако пријателот „трча“ по погрешна личност вие ќе го „вратите“ во реалноста и ќе го вразумите. Тоа го правите зашто сакате да бидете сигурни дека вашиот пријател нема да биде повреден.

Риби

Вие сте напорни – на позитивен начин. Ако има концерт или филм што сакате да го проследите, тогаш вие планирате ден во кој ќе го направите тоа заедно со вашиот пријател. Вие ќе го охрабрите да дојде со вас и ќе го охрабрите да се забавува без оглед на сè.

Можеби сакате да дознаете и кои се 6-те непристојни хороскопски знаци: Што на ум, тоа на друм, без пардон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар