Кој е најдобриот начин за справување со стресот на секој хороскопски знак?

Секој од нас којшто живее според „правилата“ на брзиот стил на живот наметнат во 21 век, е повеќе или помалку е под стрес. Меѓутоа, тоа не значи дека треба да го прифатите стресот како неминовно зло, туку да најдете начин подобро да го изменаџирате. На секој хороскопски знак, му делуваат различни техники, па сигурни сме дека ве интересира која е најдобрата за вас. Еве што вели астрологијата:

Кој е најдобриот начин за справување со стресот на секој хороскопски знак?

Овен – џогинг

Овните се енергични и нетрпеливи луѓе, па кога нивната анксиозност ќе ја надмине нормалната граница (веројатно поради тоа што некој пред нив, чекори премногу бавно) од исклучителна важност е да го ослободат стресот од нивното тело. Интересен е фактот дека Овенот е знакот на брзината, па состојбата на брзо, непрекинато движење, за него е подеднакво смирувачко, како што е спокојот за други луѓе.

Бик – ароматерапија

Бикот, предводен од Венера, е знак на луксузот и убавината. Како таков, Бикот се чувствува најудобно и спокојно кога ќе се препушти на некоја активност, којашто ги задоволува сите негови сетила. Кога претставниците на овој знак се под стрес, најдобро е да си дозволат ароматерапија со етерични масла, која ќе ги потсети да поверуваат во убавината на животот или барем накратко да уживаат во привилегијата да мирисаат рајски добро.

Кој е најдобриот начин за справување со стресот на секој хороскопски знак?

Близнаци – дневник

Близнаците ги обожуваат зборовите, па дури и најмолчаливите и најинтровертните претставници на овој знак, најефикасно се ослободуваат од стресот кога ги организираат нивните мисли и чувства, во реченици. Близнаците честопати имаат тенденција да бидат ментално расеани на сите страни, па токму поради тоа нив многу ќе им помогне да ја фокусираат сета ментална енергија, во кратко пишување дневник од околу 20-тина минути. Којзнае, можеби ќе се изненадите себеси од тоа што сте го составиле на лист хартија, а постојано ви „бега“ од мозокот.

Рак – кутија со спомени

Како најемотивен знак во зодијакот, Ракот најдлабоко ја цени носталгијата и минатото на животните настани, во однос на сите други знаци. Во моментите кога му доаѓа премногу од светот во којшто живее, тој може да стане Зен, преку разгледување на спомените од минатото. Без разлика дали тоа ќе биде стара кутија од чевли, исполнета со љубовни пораки од некоја мината љубов или алманахот од средно училиште, којшто е исполнет со позитивни посакани желби и ветувања од соучениците дека ќе останат во контакт, спомените со сигурност веднаш ќе го вратат позитивниот дух кај Раковите. Приземјувањето на овој знак во неговото сопствено минато, ќе му дојде како балсам за нервниот систем.

Лав – самозадоволување

Пред да останете шокирани од изненаденост, имајте на ум дека Лавот е знакот на самољубјето! Згора на тоа, во областа на истражувањата веќе одамна е докажано дека мастурбацијата на редовна база, носи придобивки за телото и умот. Тоа значи дека ако „поработите“ на одредени ваши делови од себе, вие можете да станете малку попаметни и емоционално поинтелигентни. Ниеден друг знак, не ја цени оваа редовна активност, повеќе од Лавот.

Кој е најдобриот начин за справување со стресот на секој хороскопски знак?

Девица – јога

Мозокот на Девиците работи со голема брзина, 24/7, па не е ни чудно што се популарни како најдобрите организатори во целиот Зодијак. Но, за да го ослободат насобраниот стрес, за нив е многу ефикасно да практикуваат тренинзи по класична јога. Јогата е спорт којшто е фокусиран на препуштањето на сите наши сетила во состојба на спокојство, а бидејќи Девиците имаат тенденција да работат премногу напорно, оваа дисциплина може многу да им помогне, за барем привремено да му служат на друг бог, наместо на богот на продуктивноста.

Преостанатите хороскопски знаци, се на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар