Кои хороскопски знаци се компатибилни со Водолија?

Кои хороскопски знаци се компатибилни со Водолија?

На Водолиите им се потребни други луѓе, некои кои се извор на нови идеи и слушатели на оние кои веќе имаат своја идеја. Ако сте еден од овие знаци, тогаш вие имате големо влијание и одлична поврзаност со Водолиите.

Кои хороскопски знаци се компатибилни со Водолија

1. Овен

Водолијата е вториот најстар знак во зодијакот, веднаш по Рибите. Ова значи дека тие ја носат мудроста од минатото и ја прават нова. Овенот од друга страна е најмладиот знак. Тој е интересна комбинација од хумор и страст кои уште веднаш ѝ се допаѓаат на Водолијата. Врската помеѓу овие два знака ќе биде малку како онаа помеѓу дедо и внук. Овенот ѝ помага на Водолијата да го согледа современото, а таа пак овде ги искажува своите ексцентрични погледи. Овенот ја гледа Водолијата како некој кому му е потребна заштита. Овој огнен знак е толку приземјен што не може да разбере како Водолијата постојано лета над сè. Кога овие два знака работат заедно, тие можат да го променат светот. Овенот е искрата која ја започнува револуцијата, а Водолијата ја носи лековитата вода која ќе го исчисти светот.

2. Вага

И Вагата и Водолијата се воздушни знаци, но нивните особини се разликуваат. Вагата е склона кон иницирање идеи кои често ги остава незавршени. Водолијата од друга страна, развива само една идеја и се држи до неа до крај. Причината за компатибилноста на овие знаци е тоа што Вагата може да ги види примените на идеите на Водолијата. Таа го разбира визионерскиот дух на Водолијата и може да им го „преведе“ на другите. Ако Водолија и Вага присуствуваат на иста забава, замислете ја Водолијата како личност која ќе почне да зборува за вонземјани и НЛО. Водолиите сакаат да поминуваат многу време работејќи на езотерични проекти и многу често навлегуваат толку длабоко што другите не можат да ги следат. Тие често се горди на тоа што се чудни и не им е грижа дали другите ги следат. Но Вагата најдобро ќе го разбере она што го кажуваат. Таа е како преведувач на неверојатните идеи на Водолијата. На овој начин двата знака може да работат заедно и да ги шират своите визии за иднината на начин на кој другите ќе го разберат.

3. Скорпија

Повеќето астролози сметаат дека Скорпијата и Водолијата не се компатибилни, но тие си се потребни еден на друг. Скорпиите се знакот со натприродни дарби, синхронизирани со духовниот свет. Водолиите се визионери кои можат да ја оформат иднината. Кога се најмоќни и кога се заедно, тие можат да работат како вистински исцелители. Но кога немаат добро разбирање за себе, може да почнат да се натпреваруваат и да си завидуваат за способностите. Ако Водолијата и Скорпијата сфатат дека нивните моќи се разни и еднакво вредни, тие може да создадат доживотна поврзаност и заедно да ја излечат планетата.

4. Јарец

Јарецот може нема секогаш да знае каде се наоѓа главата на Водолијата, но тој е доволно паметен за да му биде јасно дека нема потреба да разбира сè на овој свет. Некои луѓе доаѓаат во вашиот живот за да ги цените, а овие два знака навистина се ценат. Јарецот може да биде добро заземјување за Водолијата. Водолиите често се заробени во нивните мисли и може да станат анксиозни. Јарецот им помага да се вратат во физичкиот свет. За возврат, Водолијата му помага на Јарецот да ја погледне големата слика. Јарците може да се фокусираат и на најмалите детали и пречки кои им застануваат на патот. Понекогаш ги забораваат своите способности. Водолијата ја гледа вистинската моќ на Јарецот и навистина навива за него зголемувајќи му ја самодовербата. Овие два знака се можеби различни, но секогаш си го посакуваат најдоброто.

5. Друга Водолија

Никој не ја разбира Водолијата како друга Водолија. Кога ќе се сретнат тие веднаш се препознаваат. Водолиите можат да изградат семејство со другите Водолии. Ова е особено важно бидејќи најмногу од сите знаци, Водолиите се „црната овца“ во семејството. Како деца тие често верувале дека потекнуваат од друг свет. Сè додека не сретнат друга Водолија, тие ќе се чувствуваат како да немаат место на овој свет и на оваа планета.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте апсолутна Водолија во хороскоп.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар