Како Вагата може да стане подобар партнер во врската?

Вагата е многу суптилна личност која целосно му се посветува на саканиот и комплетно се вложува во врската, но како да се подобри себеси, прочитајте во следниов текст.

Вие сте целосно посветени на вашиот сакан, но и се потпирате на него за да се одржите себеси. Дури и претерувате, претворајќи го партнерот во вашиот единствен извор на среќа. Потоа очекувате тој да ја понесе тежината на вашиот емотивен багаж. Ова може да го „исцеди“ вашиот партнер и да создаде премногу притисок во вашата врска. Научете и самостојно да се чувствувате исполнети и целосни. Сè уште може да имате здрава врска ако се стремите кон баланс во себе. Имајте доволно верба во себе за да научите да бидете емоционално самодоволни.

Постојано сакате да ги задоволите потребите на партнерот затоа што се плашите да не го направите несреќен и затоа што постојано се обидувате да надоместите за вашиот страв дека не сте доволно добри. Вие сте секогаш тивки и го оставате вашиот партнер да ги донесе сите одлуки. Престанете да ги занемарувате вашите потреби и желби. Научете да размислувате трезвено и да бидете помалку чувствителни на критиките. Никогаш нема да бидете среќни ако не почнете да разговарате со партнерот за вашите желби и стремежи. Вие не сте одговорни само за среќата на вашиот партнер, вашите желби, исто така, треба да бидат исполнети, а не само тие на партнерот.

Научете како да кажете „не“ и да ги изразувате вашите емотивни потреби. Имате одлични вештини за комуникација, но премногу сакате да го задржите мирот и да ги израдувате сите околу вас, па не ги искажувате вашите желби. Затоа научете како директно да се соочувате со проблемите. Престанете да ги ставате вашите потреби и чувства „под тепих“, затоа што на крајот може да станете пасивно-агресивни. Бидете директни и така нема да ги потиснувате вашите емоции.

Вие сте романтичар со кој управува Венера и сте заљубени во љубовта и сè што е убаво. За жал, барате совршенство од вашиот партнер и премногу се грижите за сликата што ја прикажувате кон надворешниот свет. Престанете да обраќате внимание на малите работи и да чекате вашиот сакан да направи погрешен потег. Вашиот партнер е личноста која стои пред вас, а не идејата што ја имате за него во својата глава. Уживајте во вашата врска без страв од тоа како таа му изгледа на надворешниот свет.

Престанете да го казнувате партнерот заради неможноста да ве натера да се чувствувате достојно и ценето. Не ги споредувајте минатите врски со тековната. Престанете да не му верувате заради минатите одбивања и предавства. Исто така, мора да престанете да се сомневате во себе и да се одвојувате од другите. Вашиот партнер ве сака и тоа го знаете повеќе од добро.

Она што е најважно е да бидете тоа што сте во врската. Имате тенденција да ги копирате хобијата и интересите на вашиот партнер и речиси да станете негов одраз. Но, најдобро е да останете автентични и да го правите тоа што вие го сакате.

Прочитајте и за тоа како Девицата може да стане подобар партнер во врската?



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар