Како да се справите со скршеното срце според вашиот хороскопски знак?

Раскинувањата се секогаш тешки. Без разлика дали партнерот ве изневерил, сте одлучиле да го оставите затоа што врската била токсична или некој од вас морал да се пресели во далечна земја за да ги следи своите соништа, срцето секогаш ќе ви биде скршено на крајот и ќе се чувствувате повредени. Секој човек се справува на различен начин со болката што следи по раскинувањето, па така и секој хороскопски знак има свој лек за скршено срце. Дознајте што велат ѕвездите за вашиот…

Како треба да се справите со скршеното срце според вашиот хороскопски знак?

Овен: Одете на лудо и незаборавно патување сами

Овните се независни и импулсивни. Веројатно сте сами затоа што ја оставивте љубовта на вашиот живот за некоја минлива, страсна авантура. Токму поради тоа треба да поминете некое време сами. Разбудете го вашиот авантуристички дух за да се потсетите кои сте навистина. Истражувајте ги дивите предели, пробајте некои екстремни спортови и отпатувајте некаде далеку. Помогнете му на вашето уморно срце да заблеска повторно!

Бик: Почестете се со скапа облека од познатите брендови

Биковите по природа се големи материјалисти и сакаат луксузни работи. Токму затоа обновувањето на гардеробата е нешто што навистина може да им помогне по болното раскинување. Само што ќе ги пробате новите парчиња облека, веднаш ќе се расположите и процесот на заздравување може да започне.

Близнаци: Направете драстична промена во фризурата

Близнаците се во постојана потрага по епски промени. Поради тоа, новата фризура која комплетно ќе им го промени изгледот, веднаш ќе им помогне да се чувствуваат подобро. Направете асиметрична боб фризура, бојадисајте ја црвена, зелена, каква сакате, скратете ја долгата коса и подгответе се за високите летни температури. Не е тајна дека Близнаците се многу привлечни и зрачат со неверојатна енергија, така што секоја можна фризура ќе знаат да ја носат со стил и ќе успеат да предизвикаат восхит.

Рак: Разговарајте со терапевт и добро преиспитајте ги своите емоции

Раковите се неверојатно емотивни личности. Тие секое раскинување го доживуваат како да е крај на светот. Најмногу им помага долгиот разговор кој ќе ги поттикне да ги искажат нивните емоции и да се исплачат. Дали како советник ќе го искористите вашиот најдобар пријател, вашата мајка, татко или навистина ќе посетите терапевт, најважно е да се соочите со вашите чувства и да се испразните емотивно.

Како треба да се справите со скршеното срце според вашиот хороскопски знак?

Лав: Најдете привремен љубовник кој ќе ве обожава

Лавовите се самопрогласените кралеви на кралството на Зодијакот. Тие сакаат да бидат обожавани. Токму затоа се чувствуваат неверојатно повредени доколку некој ги остави и им го скрши срцето. Чувствата им се повредени, гордоста прегазена, а егото срамнето со земја. Време е да си ја вратите изгубената моќ и да ја кренете паднатата круна! Она што ви треба е привремен љубовник, препорачливо е да е неколку години помлад, за да ја обожава земјата по која газите и постојано да ви вели колку сте прекрасни и неверојатни. Оваа романса нема да трае засекогаш, бидејќи сепак вам ви треба некој кој ќе ви претставува предизвик. Но, додека сте во оваа ранлива состојба добро е да имате потчинет обожавател кој ќе сака да учи од вашата лавовска мудрост.

Девица: Посветете се на некој интересен и креативен проект

Девиците се секогаш разумни и реалистични. Нивната перцепција целосно зависи од нивната реалност. Но, мора да ја направите вашата перцепција позитивна бидејќи така и вашата реалност ќе стане позитивна. На сите ни е добро познато дека Девиците сакаат сѐ да им биде организирано и средено како што тие ќе замислат. Затоа оваа потреба треба да ја насочите кон некој креативен проект кој ќе биде само под ваша контрола. Не се посветувајте на работата, бидејќи тоа ќе ѝ наштети на вашата креативност. А вам сега ви е потребна таа креативност. Насликајте ремек-дело, направете колаж од стари фотографии, напишете книга, танцувајте, што било. Сонувајте и создавајте!

Вага: Чувајте милениче

Вагите постојано имаат потреба од љубов и не сакаат да бидат сами. Но, наместо да барате нов партнер и да преминувате од врска во врска, насочете ја таа неизмерна љубов што ја поседувате кон нешто друго. Љубовта не мора да биде само романтична. А каде ќе ја истурите целата таа љубов ако немате љубовник? Нормално, дека ќе си набавите милениче! Посвојте некое слатко животинче кое ќе можете да го гушкате навечер кога ќе се почувствувате осамени.

Скорпија: Истрошете ја вашата сексуална енергија

Скорпијата е најсексуалниот знак во Зодијакот и обично таа е виновникот кој ја прекинува врската бидејќи брзо ѝ досадуваат работите. Но, понекогаш се случува и таа да биде оставена. Да не се лажеме! Она што вистински ѝ треба на секоја Скорпија во таков случај е сексуално празнење. Само не заборавајте да користите заштита.

Стрелец: Забавувајте се до раните утрински часови

Стрелците го обожаваат ноќниот живот и сакаат да се забавуваат. Потребно им е нешто да им го одвлече вниманието и да им помогне да заборават на болката и скршеното срце. А има ли подобар лек за тоа од танцувањето на вашите омилени песни? Кога ќе се презаситите од сите тие луди и незаборавни ноќи, не двоумете се да побарате помош и да разговарате со некој близок.

Како треба да се справите со скршеното срце според вашиот хороскопски знак?

Јарец: Бидете му пример на некој помлад од вас

Јарците се секогаш организирани и точни. Тие сакаат да им помагаат на другите, да им даваат совети и да го споделуваат нивното огромно знаење. Токму затоа тие се одлични ментори! Канализирајте ја вашата учителска енергија кон некој помлад од вас кој со задоволство ќе ја прифати вашата мудрост. Тоа може да биде вашиот помал братучед, брат или сестра, или, пак, некој тврдоглав тинејџер од соседството. На тој начин ќе се чувствувате корисно и вашиот живот повторно ќе добие смисла.

Водолија: Станете ѕвезда

Водолиите се многу независни и затоа тешко се врзуваат. Но, кога ќе се врзат го прават тоа со целото свое срце и целосно се предаваат. Затоа многу тешко ги поднесуваат раскинувањата. Најдобриот начин да се справите со скршеното срце е да станете ѕвезда! Бидете во центарот на вниманието и блеснете на караоке забавите, на некое талент шоу или на подиумот во вашата омилена дискотека. На плашете се да го покажете вашиот талент бидејќи сите знаат дека вие сте родена ѕвезда!

Риби: Гледајте тажни филмови и исплачете се

Рибите се неверојатно ранливи и чувствителни. Потребно им е навистина долго време да преболат некого и да продолжат понатаму. Најпаметното нешто што можете да го направите по раскинувањето е да ги облечете вашите удобни пижами, да се сместите пред телевизорот и да маратонски да изгледате еден куп тажни филмови за да се исплачете и целосно емотивно да се испразните. Ова можеби ви звучи депресивно, но навистина е ефективно. По некое време ќе ја вратите вашата енергија и ќе бидете подготвени да свртите нов лист во љубовта.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар