Како секој од хороскопските знаци реагира на критика?

Сте забележале ли некогаш дека различни луѓе, сосема различно реагираат на критиките? Некои од нив едноставно ги прифаќаат како конструктивни и учат нешто од нив, додека пак други се навредуваат или бегаат. Според астрологијата, секој од хороскопските знаци ја прифаќа критиката на свој начин, па добро е да го знаете тоа доколку во иднина решите да се соочите со некој од нив.

(1) Како секој од хороскопските знаци реагира на критика?

Овен

Како еден од најтемпераментните знаци, ако на Овенот не му се допаѓа тоа што го чул, тој ќе реагира многу бурно. Подобро немојте да го изнервирате со директна критика, бидејќи тој ќе се налути и драматично ќе ја напушти просторијата во која сте.

Бик

Иако важат за многу тврдоглави личности, Биковите ќе се обидат непријатните ситуации да ги решат на дипломатски начин. Имено, Бикот најверојатно ќе глуми дека не ја чул критиката или несоодветната забелешка, па ќе продолжи да говори за времето.

Близнаци

Како еден од знаците кои најмногу зборуваат, Близнаците изгледа едвај чекаат да чујат нешто што не им по ќеиф со цел да започнат дебата на таа тема. И секако, потоа ќе направат сè што е во нивна моќ за да докажат дека тие се во право.

Рак

Емотивниот и чувствителен Рак не е секогаш расположен за слушање груби зборови. Доколку тој се почувствува навредено или на кој било начин загрозено од страна на соговорникот, тогаш едноставно ќе се повлече. Понекогаш се случува и да пушти неколку солзи.

(5) Како секој од хороскопските знаци реагира на критика?

Лав

Ако земеме во предвид дека тој обожава да е во центарот на вниманието, Лавот може дури и да биде импресиониран од критиката. Всушност, тој ќе успее непријатната ситуација да ја претвори во своја корист така што ќе започне расправија во која ќе зборува само за себе.

Девица

Прагматичната Девица уште во старт ќе ве осуди дека имате предрасуди, па ќе почне да ви објаснува дека тоа е не убаво и дека треба да го промените вашето мислење. На крај, можеби дури и самата да се критикува.

Вага

Секоја ситуација, дури и онаа која е најнепријатна, Вагата може да ја сврти на нешто радосно. Таа со својот шарм ќе се обиде дури и од најлошите ситуации да го извлече најдоброто, па токму затоа и критиките не ги гледаат како најстрашното нешто што може да им се случи.

Скорпија

Никој не сака да си игра со Скорпијата бидејќи таа може да ве „прободи“ директно во срцето и да ве остави да патите со денови. Таа е една од оние знаци кои едноставно не можат да прифатат критика и најчесто се бранат со директен напад.

(3) Како секој од хороскопските знаци реагира на критика?

Стрелец

Непредвидлив и шеговит, Стрелецот има способност дури и непријатниот разговор да го прекине така што ќе ви каже дека му е жал и дека воопшто не сте требале ни да почнете да разговарате на оваа тема.

Јарец

Доколку тврдоглавиот и таинствен Јарец се најде во непријатна ситуација, тој учтиво се повлекува и во иднина се обидува да ги избегне сите оние кои биле дел од тој настан. Тој можеби нема бурна реакција, но никогаш не ги заборава ниту пак, опростува добиените критики.

Водолија

Непријатно? Што е непријатно? За неа едноставно сè е нормално бидејќи таа знае дека сите ние сме луѓе, или вонземјани, зависи со каков вид Водолија зборувате и токму поради тоа со тек на време ќе направиме грешка. Случајно или намерно.

Риби

Иако критиката нема да им биде по волја, Рибите нема да се трудат да избегаат од непријатната ситуација, туку едноставно ќе се обидат да ја разберат, да научат нешто од неа и потоа да ја надминат.

(2) Како секој од хороскопските знаци реагира на критика?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар