Како ќе ни влијае затемнувањето на Сонцето на 20 април?

Како ќе ни влијае затемнувањето на Сонцето на 20 април?

На 20 април нè очекува помрачување на Сонцето и млада Месечина, а ова е прво затемнување што го имаме во знакот Овен од 2015 година, според астролозите. Со ова започнува нов циклус на затемнувања кој ќе продолжи до 2025 година.

Како ќе ни влијае затемнувањето на Сонцето на 20 април?

Затемнувањето на Сонцето и младата Месечина во Овен ќе ни донесат нови можности и нови патишта. Некои од овие можности може да бидат изненадување, но други можеби се работи на кои работиме некое време.

Затемнувањето ќе ги зголеми нашата чувствителност, креативност и интуиција. Бидејќи енергијата на Овенот е исто така силна, ова е нашата шанса да најдеме храброст да постигнеме некои важни работи во нашиот живот.

Затоа, искористете го овој период за да си поставите нови цели, да го визуелизирате посакуваниот исход, да ги гледате работите на нов начин и да бидете отворени за промени.

Овенот е огнен знак, а огнот кој живее во сите нас ни дава сила, храброст, страст и решителност. Меѓутоа, кога гори премногу силно, елементот на оган може да доведе до бес и импулсивност.

Едно од главните прашања за време на ова затемнување ќе биде балансирањето на нашиот внатрешен оган. Ќе ја почувствуваме енергијата на Овенот како ни дава сила да издржиме, да скокнеме во новото и да најдеме самодоверба да влеземе во новиот свет што ни се отвора. Но, можеби ќе наидеме и на потребата да се вратиме назад, да го скротиме нашето его, да преземеме одговорност и да го преиспитаме гласот на нашето срце.

Можете да размислите за тоа што се случило во вашиот живот за време на последниот циклус на затемнување Овен-Вага, од октомври 2013 до септември 2015 година. Не дека истите настани ќе се случат повторно, но можеби ќе се најдете како размислувате за слични работи или ве мачат слични проблеми.

За време на ова затемнување, вложете повеќе труд за да ги остварите вашите цели и дозволете ѝ на вашата вистинска автентична природа да блесне. Ќе увидите дека набргу ќе се појават нови можности!

Откако прочитавте за влијанието на затемнувањето на Сонцето на 20 април, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Јупитер во Овен до 16 мај 2023 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар