Како хороскопските знаци покажуваат дека се заљубени?

Како хороскопските знаци покажуваат дека се заљубени?

Во фазата на флертување многу лесно може да се открие дали некому му се допаѓате, бидејќи секој човек се издава на различен начин. Секој хороскопски знак несвесно ви дава до знаење дека сте во игра. Па дознајте кој хороскопски знак, на кој начин покажува дека се заљубува во вас.

Како хороскопските знаци покажуваат дека се заљубени?

Овен

Овните не сакаат многу заобиколуваат, па доколку им се допаѓате најверојатно тоа и отворено ќе ви го кажат. Но, доколку се решат да играат на картата таинственост, тогаш обрнете внимание на нивните нервозни движења и туфкања. Тоа не се знаци дека сакаат да бидат на друго место, туку дека сакаат да појдат некаде, но за да бидат со вас.

Бик

Биковите најчесто се традиционални и конвенционални, па доколку им се допаѓате тие ќе ви се додворуваат на класичен начин. Прашањата за вашата омилена боја, цвеќе и храна се знаци дека тие планираат да ве однесат на вечера и да го организираат совршениот состанок.

Близнаци

Близнаците се флертувачи чии умови се вечно будни и активни, а сакаат да разговараат со сите што ќе ги запознаат на најразлични теми. Затоа малку е тешко да се препознае кога точно флертуваат со вас. Најдобар начин да забележите дека флертуваат е кога покрај вообичаениот разговор, почнуваат да поставуваат лични прашања за да дознаат нешто повеќе за вас.

Рак

Раковите најчесто се ориентирани кон семејството, па доколку кон вас почнат да се однесуваат емпатично, тогаш ви фрлиле око. Доколку почнат да се однесуваат заштитнички, тоа е веќе уште еден чекор напред, а доколку ве повикаат да ве запознаат со нивното семејство, тоа е сигурен знак дека веќе ве гледаат посериозно.

Лав

Лавовите обожаваат да драматизираат, па навистина е тешко да се заклучи дали зад нивниот спектакуларен настап стојат искрени чувства спрема вас или едноставно позирање. Но, сигурни ќе бидете дека им се допаѓате доколку се тргнат настрана и ве остават вие да бидете во центарот на вниманието.

Девица

Тие се логични и практични и нема да си дозволат да ја покажат својата заљубеност со некој преголем гест. Доколку пронајдат време и ве прашаат за вашите чувства и доколку се опуштат во вашето друштво, тоа е одличен знак дека постои нешто поголемо во позадина.

Вага

Животот на вагата е избалансиран и искрен и токму поради тоа тие имаат опуштен став. За да дознаете дали им се допаѓате, најголем показател е доколку ве пуштат во нивниот свет и ве повикаат на романтично дружење.

Скорпија

Ќе бидете сигурни дека скорпијата ве забележала, доколку јури кон вас од другата страна на преполната просторија само за да поразговара со вас. Нејзиниот интензивен поглед, ќе направи да се чувствувате како да сте сами во просторијата. Може да ви делува ладно на почетокот, но таа не троши време на непотребни разговори со некој за кој не е сериозно заинтересирана.

Стрелец

Стрелците се дружељубиви и отворени, па нивното претерано пријателско однесување многу лесно може да се промени во нешто повеќе. Времето кое го поминува со друштвото му е многу драгоцено на стрелецот, па доколку се најде со вас неколку пати во неделата, тоа е знак дека сте го освоиле.

Јарец

Јарецот никогаш не ги отвора сите карти, но доколку неговиот строг став се ублажува во ваше присуство и доколку краде од своето испланирано време за да се види со вас, најверојатно вашата врска има романтичен потенцијал.

Водолија

Водолиите секогаш сакаат да размислуваат надвор од вообичаените граници. Доколку ѝ се допаѓате на една водолија таа може во еден момент да ве провоцира, во друг момент да се шегува со вас, а потоа да започне длабок интелектуален муабет. Нивното ексцентрично однесување значи дека им се допаѓате и дека тие се обидуваат да сфатат дали можете да се вклопите во нивниот необичен свет.

Риби

Добра вест е тоа што рибите воопшто не е тешко да ги прочитате. А уште подобра вест е тоа што, штом им се допаднете на рибите, тие нема да прекинат да ви посветуваат внимание и нежности. Возможно е да добиете рачно напишана песна посветена на вас или нацртан портрет, со што ќе ви покажат како се чувствуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар