Каде го чека среќата вашиот хороскопски знак во 2015? - Part 4

Каде го чека среќата вашиот хороскопски знак во 2015?

(1) Kade-go-cheka-srekjata-vashiot-horoskopski-znak-vo-2015-godina-www.kafepauza.mk

Јарец

Личностите со знак или подзнак Јарец веќе чувствуваат одредени промени во животот. Планетите носат некои нови одговорности поврзани со луѓето околу вас. Веројатно ќе треба да направите и селекција на пријателите. Можеби ќе запознаете и некои нови луѓе кои ќе ви станат доста блиски. Подзнакот во Јарец носи можност и за финансиски напредок, било да се работи за заработка, наследство или подарок.

Јарците родени во првите осум дена на јануари ќе доживеат најголеми промени и трансформации. Немојте да се плашите од овие промени и да ги одбивате, затоа што така ќе станат болни за вас. На промените гледајте како на неопходност. Обидот да ги спречите на сила нема да донесе ништо добро, туку напротив, може негативно да влијае на односите со другите. Не дозволувајте тоа да ве направи ладни и сурови, затоа што кога вие сте такви, таа ваша негативна природа ја покажувате најдобро што можете. Затоа менувајте ги работите што се стасани за менување и водете грижа и за другите. Избегнувајте ризик, а ако дојде до него, задржете ја присебноста и дејствувајте рационално како што вие добро знаете.

Најсреќните моменти за вас доаѓаат во втората половина на годината. Успехот на работното место, дипломирањето и патувањето се полињата каде што шансите за убави изненадувања се најголеми. Јарците родени помеѓу 18 и 20 јануари ќе поминат најдобро од сите, особено во периодот од крајот на јуни па сè до крајот на септември.

Оние родени на крајот на декември треба да внимаваат на месец август – тој за нив носи изненадувања ако се потрудат околу нешто. Можеби ќе треба да се откажете од нешто и ќе се соочите со повеќе тешкотии, но и успехот ќе биде сладок.

 

Водолија

Новата година носи убави вести за Водолиите кои сакаат да стапат во брак. Условите за тоа се исклучително добри. Ако пак, подзнакот ви е во Водолија, тогаш ќе можете да преземете големи одговорности и да напредувате, а со тоа и да усреќите некои други луѓе. Подзанкот дава најповолни услови на крајот на февруари и почетокот на март.

Промените кои ќе ги доживеете можат да бидат поврзани со финансиите, со некои нови начини на заработка или како последица на вашата оригиналност. Тоа особено важи за Водолиите родени до 27 јануари. Вие имате добри шанси за напредок од почетокот на годината, па сè до крајот на август. Внимавајте, ќе се соочите со одредени тешкотии, но бидете упорни.

Оние кои се родени од 2 до 9 февруари треба да очекуваат посериозни промени во животот кои ќе им донесат поголема независност.

Родените од 17 до 20 февруари може да очекуваат неповолни времиња од крајот на јуни до првата половина на август. Она што животот не ве научил во 2014 година, ќе се обиде да ве научи во оваа. Не повторувајте ги грешките. Соочете се со проблемите и стравот и ќе се изненадите колку сте биле способни за соочување со тешките моменти во животот. Олеснување очекувајте кон крајот на годината.

Вие сте пред вашето време и сте нестрпливи да ја доживеете иднината. Таа за вас ќе биде посреќна ако ви се случи со ваши истомисленици, луѓе со кои имате заеднички интереси и знаења. Вложувајте и негувајте ги односите со нив и бидете среќни колку што можете. Овие луѓе се клучот за вашата среќа во новата година.

 

Риби

Среќата која доаѓа од богатиот емотивен живот на Рибите е најважна за нив. Оваа година, како и обично, неа можат да ја најдат во својот партнер. Првата половина од годината дава одлични можности за подобрување на здравјето и финансиската ситуација. Ова за финансиската ситуација важи особено ако работата е поврзана со странство. Истиот период е добра можност и за учење и надградување.

Ако сте родени во февруари, првите месеци од годината можат да пројават одредени проблеми. Не се двоумете да се соочите со нив, затоа што нивното решавање многу ќе ви го олесни животот.

Родените од 23 до 28, односно 29 февруари се под добро влијание на планетите ако сакаат да се бават со помагање на другите, духовност или уметност. Помагајте им на другите или работете нешто со кое можете да се усреќите себе и на тој начин и оние околу вас.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар