Каде го чека среќата вашиот хороскопски знак во 2015?

Скорпиите имаат најповолен хороскоп за 2015 година. Каде ги чека среќата останатите знаци во зодијакот?

Напомена: Читајте и за вашиот подзнак!

(1) Kade-go-cheka-srekjata-vashiot-horoskopski-znak-vo-2015-godina-www.kafepauza.mk

Овен

Ако Овен е вашиот сончев знак и сте родени на почетокот на овој знак, тогаш периодот од 20 до 27 март ќе биде доста поволен за вас доколку ги прифатите можностите да напредувате и вложите повеќе труд од вообичаено. Знаењата кои ќе ги добиете од јануари до март ќе ви овозможат да создадете темел за својата иднина или конечно да остварите некоја цел за која подолго време мечтаете.

Бидете активни и грабнете ги приликите кои ќе ви се укажат, затоа што тоа е она што ќе ви донесе напредок на повеќе сфери во животот. За оние кои се родени на почетокот на април важно е да завршат нешто што им останало недовршено и да остават некој или нешто да излезе од нивниот живот. Тоа нема да биде лесно, но е неопходно за да продолжат понатаму, затоа што Овенот е таков – презема иницијатива, храбар е и тоа му овозможува да ги оствари своите цели и да биде лидер. За повеќето Овни 2015 ќе биде полесна од претходната година. Таа дава можност за оние што ќе се борат и да успеат. Особено поволен е периодот од 20 февруари до 31 март, а особено од 8 до 12 март, кога поставеноста на планетите укажува на тоа дека некои работи ќе бидат нешто полесно остварливи.

Ако вашиот подзнак е Овен, во 2015 можете да очекувате напредок во работата доколку подзнакот ви е во првата декада. Ако е во втората, тогаш ќе имате среќа во љубовта, или преку децата како родител, или преку некое задоволство или нешто што ви предизвикува задоволство.

Ако сè уште не сте родител, ова е добра година за тоа. Личностите со подзнак Овен ги очекува среќа и низ креативните процеси, во јавниот живот или игрите на среќа. Промените кои почнале да ви се случуваат претходната година ќе продолжат да се случуваат и оваа. Бидете отворени за нив, така во вашиот живот ќе доминираат убави наспроти лоши работи. Прифатете ги промените како добредојдени и потребни и тие ќе бидат такви.

 

Бик

За оваа година да ви биде среќна , неопходна ви е стабилност на емоционален и на финансиски план. Планетите тоа ќе ви го овозможат во првата половина на 2015 година. Ако вашиот подзнак е Бик, истиот период е добра можност да си создадете свое мирно прибежиште од домот и семејството. Биковите ќе си ги подобрат семејните односи во 2015 година и домот ќе го направат поудобно и попријатно место за живеење.

Втората половина од годината е поволна за среќа во љубовта, остварување како родител или доживување на голема среќа преку децата. Поставеноста на планетите во текот на летото, особено од 25 јули до 6 септември дава одлична можност за нова љубов или обновување на некоја поранешна врска. Сепак, истото не важи и за оние кои веќе се во врска. Истиот тој период не е поволен за да направат веридба или свадба. Промените поврзани со децата се можни во втората половина на септември и во октомври, но треба да бидете внимателни со тоа.

Ако сте невработени, шансите тоа да се смени ќе бидат најголеми во последните три месеци од 2015 година. Ќе ви се отворат можности и да разрешите некои конфликти од брачниот живот кои се таложеле во последните две години, за потоа да се посветите на благосостојбата на другите. Треба да преземете одговорност во овој дел, особено ако се занимавате со нешто што е поврзано со банкарство или осигурување.

Биковите родени на крајот на април ќе доживеат позитивни промени во текот на годинава. Ова за нив ќе биде среќна година. Ако ги искористите поволните можности во август и септември, ова за вас може да се претвори во најдобрата година во животот. Бидете отворени за сите нови искуства, целосно внесете се во нив. Некои од вас ќе вложат во своите знаења и ќе напредуваат професионално и на финансиски план, други само ќе стекнат вештини и важни животни искуства, но секој кој е роден на крајот на април ќе добие можност да направи нешто убаво во 2015 година.

Оние родени на почетокот на мај може да се надеваат на остварување на долгогодишните цели, било да работат сами на тоа или да имаат некаква помош. Како и да е, за ова да биде добра година за вас, битно е да работите на својата стабилност и да ги зграпчите сите шанси кои ќе ви се укажат. Тие ќе ви овозможат повеќе успех годинава и можат да ја направат една од вашите најуспешни.

 

Близнаци

Ако вашиот подзнак е Близанци, очекувајте зголемен обем на обврски на почетокот на годината. Фатете се за решавање на проблемите на начин кој вам ви е најприфатлив, низ комуникација, така што ќе сфатите што е тоа што го вознемирува вашиот партнер и како да му/ѝ помогнете за да не си оди од вас. Поставеноста на планетите овозможува во првата половина на годината проблемите да ги решите со долги разговори, кратко патување или некое заедничко учење.

Оние чиј сончев знак е Близнаци можат во втората половина на годината да очекуваат можност да ги уредат семејните односи и така да постигнат поголема среќа во животот. Вие сте личност која знае како добро да се информира и да стекне знаења и потоа тие знаења да ги искористи за унапредување на семејната благосостојба. Тоа може годинава да ве направи среќни и затоа треба да вложувате во оваа сфера. Промените можат да се случат и ако сретнете нови пријатели или низ тимска работа. А што се однесува до љубовта, ова е поволно време за да вложите во остварување на оние работи во љубовта по кои тежнеете.

Вие сакате промени, но тие најмногу ќе им се случуваат на оние родени кон крајот на мај, особено 20-21 и 25-26 мај, но тие ќе треба да прифатат и одредени ограничувања и препреки кои ќе ги научат што е она што треба да го променат во животот. Направете подлабоки преиспитувања, променете нешто во досегашното однесување, затоа што вака како што е тешко можете да се надевате на позитивни промени. Ако почнете да менувате нешто, ќе ви биде полесно понатаму. Бидете подготвени да научите нешто ново, без разлика колку тоа изгледа тешко на почетокот. Август е период кога треба да бидете умерени, особено во покажувањето на интелектуална надменост.

Сепак, 2015 година ќе биде најсреќна за Близнаците родени на 3, 4 и 20 јуни. За нив доста поволни ќе бидат првите шест месеци. Во нив се отвораат бројни можности за животот да им приреди убави изненадувања. И оние родени меѓу 2 и 8 јуни нека очекуваат убави промени, особено ако бидат отворени за нови вести кои можат да бидат многу добри за нив.

Вие сте приспособливи и отворени за промени, па затоа имате добри шанси да напредувате во бизнисот и комуникацијата, да остварите некое кратко патување, многу да учите, а во втората половина домот и семејството ќе бидат работите кои најмногу ќе ве усреќат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар