Јарците и љубовта: Ако успеете да го „скротите“ овој знак, ќе имате лојален и грижлив партнер!

Упорните Јарци ѝ пристапуваат на љубовта како на сериозен бизнис. Како најпосветениот знак на целите во зодијакот, тие не си играат наоколу. Постојат шанси дека веќе имаат 10-годишен план за животот и нивниот партнер едноставно мора да ја следи оваа агенда. Љубовните авантури не се за нив – тие попрво би биле сами отколку да скокаат од еден партнер на друг. Поради ова однесување, воопшто не изненадува што Јарците стапуваат во брак повеќе од еднаш. Тие се толку нетрпеливи за започнување свое сопствено семејство, што нема доволно детално да ја анализираат личност што ќе им стане сопруг или сопруга.

Јарците и љубовта: Ако успеете да го „скротите“ овој знак, ќе имате лојален и грижлив партнер!

Јарците се многу свесни за својот статус, па затоа и бараат кај својот партнер одредена вредност – на пример, факултетска диплома, финансиска основа, добар изглед… Тие исто така и ја обожаваат својата фамилија, па до крајот ќе ѝ останат лојални. Многу често и се однесуваат како „ѕид“ за своите најблиски, каде што тие во секое време можат да се потпрат, па ако избраникот или избраничката не се согласува со неговото семејство, врската нема да потрае.

Тие се зависници од работата и се детерминирани да ги остварат своите професионални цели. Но иако ги исполнува работата, не смеат да заборават дека долгите работни часови можат да направат еклипса на личниот живот, па затоа и треба да се стремат кон баланс. Можеби со ова темпо би успеале порано да се пензионираат, но која е цената? Ако не се грижат доволно за нивната врска, големи се шансите дека на 45 години ќе пловат на јахта со документи за развод. Со други зборови, Јарците треба да му пристапуваат на животот со истата посветеност што ја вложуваат во својата работа, па ќе доживеат романса што има потенцијал да трае цел живот.

Никогаш не треба да се потценува лојалноста на Јарците, без разлика колку додворувачки изгледаат на површината. Тие ја ценат историјата и нештата што ги надминуваат сите препреки низ времето. Затоа и постојат големи шанси дека ќе стапат во брак со личноста што најдолго ја познаваат, без разлика на компатибилноста, бидејќи веруваат дека оние што постојано се враќаат или постојано ги привлекуваат, се вистинскиот пример за љубов. Тоа е смешен начин да се мери љубовта, но никој не може да ги убеди во спротивното.

Како земјен знак, Јарците имаат голем сексуален апетит, па понекогаш знаат да заскитаат. Интересно, но безначајните односи за една вечер не ги сметаат за неверство. Ако не е вложено срцето, тогаш не се смета за грешка. Секако, ретко кој партнер би се согласил со ова верување, па затоа, доколку се случи, може да предизвика експлозија во врската.

Иако тие изгледаат традиционално, голем дел од нив имаат и дива страна. Само малкумина избрани имаат шанса да ги доживеат во ова светло, па потребен е навистина отворен ум за да се разберат!

Внимание: Јарците што се лишени од стабилно семејство можат да го поминат целиот свој живот во огорченост и каење, без да ѝ дозволат на љубовта да влезе во нивниот живот. Зад ова се крие длабок резервоар на сомнеж во себе, со кој Јарците мора да се изборат. Оние што искусиле некаква семејна траума треба да најдат добар психотерапевт и да работат упорно на своите проблеми. Како и со сѐ останато во нивниот живот, детерминираноста им е тајно оружје. Тие се навикнати да се борат за тоа што го сакаат, па зошто тоа да не биде врска што изобилува со љубов? Тие ја заслужуваат!

Прочитајте и како да освоите, љубите и задржите Јарец!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар