Хороскопските знаци преставени како природни катастрофи

Хороскопските знаци преставени како природни катастрофи

Сте се запрашале ли некогаш што би биле хороскопските знаци ако беа природни катастрофи? Можеби вашиот знак е како експлозивен вулкан? Можеби повеќе ја тресе земјата како земјотресот? Или пак, тој е како огромен астероид што патува кон Земјата со цел да нè уништи сите? Дознајте во продолжение…

Овенот е како вулкан: Тој е способен да експлодира во секој момент

Исто како и вулканите, така и Овните се непредвидливи и способни да експлодираат во секој момент… Кога тоа ќе се случи, тие знаат да бидат навистина незапирливи, па затоа внимавајте покрај нив.

Бикот е како земјотрес: Тој ретко растресува, но кога ќе се случи тоа прави вистинска штета

Биковите најчесто пробуваат да избегнат хаос, но ако се заборени во место без излез, тогаш едноставно растресуваат сè околу себе!

Близнаците се како песочна бура: Тие се немирни и тешки за смирување

Близнаците се неуморни, и понекогаш е навистина тешко да предвидите од каде ќе се појават – исто како и нескротливата песочна бура. Тие исто така и се движат со 100 километри на час!

Ракот е како плимен бран: Тој е ненадеен и носи сè со себе

На Раковите им се случува да се преплават со ненадејни силни емоции што се со иста моќ како и плимен бран! Тие се обидуваат да останат смирени, но кога ќе ги турнете надвор од нивните граници, стануваат навистина опасни.

Лавот е како див оган: Кога ќе тргне, тешко е да сопре

Брзо се шират и скоро невозможни се за собирање. Тие можат да се разгорат дур трепнете, па затоа и не треба да ги провоцирате.

Девицата е како лавина: Таа е невозможна за запирање

Девиците имаат сила и волја на незапирлива лавина, па затоа и брзо и лесно маневрираат низ животните предизвици без притоа да ја изгубат мотивацијата. Едноставно продолжуваат да се движат сè додека не стигнат до целта.

Вагата е како монсун: Таа е брза и непредвидлива

Вагите размислуваат толку брзо, што луѓето околу нив никогаш не можат да бидат 100% сигурни што ќе направат следно. Токму затоа се и исти како тропските монсуни!

Скорпијата е како бура со грмотевици: Темна, мистериозна и деструктивна

Скорпиите имаат темен и мистериозен карактер, зад кој се крие екстремно силна енергија и аура слична на онаа што ја гледаме во бурите со грмотевици.

Стрелецот е како торнадо: Моќен и полн со енергија

Поради нивните краткотрајни, но моќни изливи на енергија, Стрелците навистина се како торнада. Кога ќе земат замав, најдобро е да ги набљудувате од далечина, бидејќи е опасно да им се приближите.

Јарецот е како снежна бура: Кога е лут, знае да биде навистина многу студен

Јарците се навистина добри и топли личности, но ако ги изнервирате знаат да станат ледени! Токму затоа и најлесно може да се споредат со снежната бура.

Водолијата е како астероид: Таа е од друга планета

Водолиите имаат редок и уникатен карактер што истовремено е и интересен и опасен (доколку ги налутите). Токму затоа и не е воопшто чудно што тие се единствената непогода што доаѓа надвор од нашата планета.

Рибите се како поплава: Длабоки и смртоносни

Кога ќе ги преплават емоциите, тие почнуваат да се однесуваат како вистинска поплава со луѓето околу нив!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар