Единствениот хороскопски знак што би направил сè за љубовта!

Тие се тврдоглави и спремни да направат сè со цел да се изборат за оние што ги сакаат. И иако многумина мислат дека се способни за ова, сепак само родените во овој хороскопски знак издржуваат до самиот крај! Станува збор за Стрелците!

Нив најдобро ги опишува променливото расположение и авантуризмот, поради кои и не се заљубуваат толку лесно. Но, кога еднаш ќе ја пронајдат вистинската личност која целосно ги исполнува и која ја сметаат за сродна душа, Стрелците ќе направат буквално сè за да ја освојат и да ја задржат покрај себе.

Тие воопшто не се грижат како ќе изгледаат во очите на другите, бидејќи кога се заљубени, уверени се дека таа личност вреди за секоја нивна постапка. Сепак, поради нивниот незрел карактер, тие имаат потешкотии да го задржат партнерот на подолготраен рок, па и покрај нивната пожртвуваност, понекогаш сепак не успеваат во својата љубовна цел.

Дознајте и кои се 20-те животни принципи според кои се води секој Стрелец.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар