Ѕвездите ви откриваат дали и тој е заљубен во вас

Вашата врска станува сериозна, вие имате силни чувства, но сè уште не сте сигурни дали и тој е заљубен во вас? Погледнете ги следниве неколку нешта кои ги издаваат хороскопските знаци кога се заљубени и откријте дали и тој ги има истите чувства кон вас како и вие кон него…

dzvezdite-vi-otkrivaat-dali-toj-e-zaljuben-vo-vas-kafepauza.mk

Овен

Тој има неконтролирана потреба да ја заврти главата во ваш правец кога сте во негова близина, притоа обидувајќи се да направи контакт со вашите очи. Секој пат кога ќе го погледнете, вие забележувате дека и тој гледа во вас, отворено. Ова се очигледни знаци дека тој е заљубен и флертува со вас.

Бик

Тој го прочистува грлото пред да започне да разговара со вас, бидејќи неговиот ум станува збунет од вашиот глас. Исто така, кога тој е во ваша близина, доколку се случи да разговара со други луѓе, несвесно се обидува да ве допре. На тој начин ви покажува дека е заинтересиран за вас, но им покажува и на другите момци во близина да стојат настрана од неговата девојка.

Близнаци

Тој постојано ве допира со своите дланки и има потреба да ги стави неговите раце околу вашите рамена. Исто така, тој се обидува да комуницира со вас без некоја посебна причина, бидејќи едноставно ужива во вашиот разговор. Доколку тој е навистина заљубен, тогаш очекувајте многу пораки од него преку кои тој ќе се обидува да го одржи контактот со вас.

Рак

Единственото нешто што може да го смири е само еден бакнеж со вас, па токму затоа љубовта во него можете да ја забележите преку руменилото на неговите образи. Иако луѓето имаат тенденција да поцрвенеат и на комплименти, постојаното руменило на неговите образи додека ве набљудува е силен знак дека тој чувствува силни чувства за вас.

Лав

Тој чувствува како срцето силно му чука во градите и како студена пот му тече по грбот. Но, дури и покрај тоа тој сепак oстанува витез и џентлмен и почнува да се однесува кон вас како кон вистинска дама. Доколку не се грижи за вас, тогаш не се грижи ни што мислите за него и нема воопшто да внимава на своето однесување.

Девица

Тој го губи апетитот, а стомакот му изобилува со пеперутки секој пат кога ќе ја види личноста во која е заљубен. Тој сака да ви помогне со вашата работа и со другите обврски од секојдневието, па затоа често се понудува да ве префрли до дома или да ве почека да завршите со работа. Токму ова однесување е знак дека тој е заљубен во вас.

Вага

Кога љубовта ќе влезе во неговата душа, тој се чувствува целосно. Тој е дури и подготвен да го подобри својот надворешен изглед за кратко време со цел да биде „подобар“ за вас. Кога еднаш ќе ја најде својата сродна душа, тој вложува бескраен напор секојдневно да ја инспирира.

Скорпија

Што се однесува до неговиот емотивен свет, тој не може да ви биде лут подолго од 2 часа, без разлика на она што сте го направиле. Кога е заљубен, тој не може да остане лут бидејќи тоа го боли, па ако вложува интензивен напор во извинувања или прифаќање на извинувања, тогаш навистина се грижи за вас и за вашите чувства.

Стрелец

Тој постојано сака да танцува и постојано чувствува како да може да истрча маратон. Од друга страна пак, тој во кое било време би ја жртвувал својата среќа за вие да бидете среќни. Без разлика дали станува збор за нешто поголемо или пак за ситници, како изборот на ресторан, отстапувањето на меката перница и слично.

Јарец

Јарецот додека се заљубува се чувствува ранливо и исплашено. Тој се чувствува како да се топи, но никогаш нема да ви го покаже тоа. Токму затоа кога ќе се заљуби, дури и ако е премногу зафатен, тој сепак ќе наоѓа време за да ви дозволи малку да си „поиграте“ со него.

Водолија

Неговиот крвоток изгледа како да работи побрзо од вообичаено. Тој навистина ја чувствува љубовта во себе и без проблем ќе ве поддржува во сè што правите. Тој ќе биде покрај вас дури и кога не сте во право. Можеби ќе има спротивен став во себе, но тоа никогаш нема да го покаже пред публика.

Риби

Неговите нозе танцуваат дури и кога седи. Ова е неговата вистинска природа, да биде заљубен и да го покаже тоа во секој поглед. Доколку патувате некаде или пак, само сте излезени со пријателите, тој сигурно ќе ви се јави за да провери дали сè е во ред. Тој е личност која може да се опушти само доколку знае дека сте безбедни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар