Дознајте што ве очекува во годината на Петелот: Краток и прецизен хороскоп за 2017-та година

Дознајте што ве очекува во годината на Петелот: Краток и прецизен хороскоп за 2017-та година

2017-та е година на Петелот и таа ќе донесе многу позитивни промени. Петелот е симбол на Сонцето, бидејќи од најраните утрински часови со своето пеење го започнува денот. На исток, тој е директно поврзан со топлината на Сонцето, а Индијците го сметаат како извор на сончева енергија, додека пак Јапонците го нарекуваат прва светлост. Кинезите во Петелот гледаат пет особини: Храброст, добрина, верност, достоинство и добра волја. Па, погледнете што ќе ви донесе вам оваа нова година каде што е собрана сета надеж.

Дознајте што ве очекува во годината на Петелот: Краток и прецизен хороскоп за 2017-та година

Овен – заслужен одмор!

Претходните две тешки години кои поминале под мотото „Целиот живот е борба“, сега се зад вас, затоа што дојде време родените во овој знак да ги берат плодовите од својата напорна работа. Но и покрај тоа, не може да се каже дека треба да чекате сѐ само да падне пред вашите нозе. За да добиете нешто, треба да вложите малку напор и да бидете внимателни.

Бик – дојде време да уживате во животот!

Годината на Мајмунот е зад вас, а тоа значи дека неуспесите, поразите, постојаното брзање и напнатоста, веќе ќе бидат минато. Време е да се смирите, да се релаксирате и да добиете задоволство во животот. Ѕвездите секако не гарантираат дека сѐ ќе помине без проблем, но можете да сметате на добра компензација за емоционалните и материјалните загуби.

Близнаци – ова е позитивно време за вас!

Годината на Петелот за вас е полна со радосни искуства и успешни почетоци. Ова, во секој поглед, е погодно време за Близнаците, кога личностите родени во овој знак ќе чувствуваат присуство на магија во воздухот.

Рак – кажете му збогум на тешкиот товар што го имате!

Вие ќе се поврзете со интересни луѓе кои ќе станат ваши верни пријатели и ќе бидат способни да влијаат на вашиот раст и развој. Некои личности ќе се соочат со потреба да се ослободат од тешкиот товар кој веќе долго време го носат со себе и кој влијае на нивниот живот.

Лав – сѐ ќе ви оди од рака!

Вие нема да имате потреба да влегувате во борба за профит, за што не сте ни подготвени. Претставниците на овој знак навикнати се сѐ да постигнуваат сами, работејќи под мотото „Цел живот е борба“. Затоа, ваквата ситуација кога сѐ ќе ви оди од рака, малку ќе ве збуни. Судбината ќе им подари на личностите родени во знакот Лав многу непредвидени ситуации, кои на крајот ќе имаат многу повелен резултат.

Девица – со вашата одлучност ќе ги победите сите искушенија!

Од самиот почеток на годината, вие треба да бидете одлучни. Оваа одлучност ќе ви помогне да се справите со дилемите кои за вас ги има подготвено Петелот. Најдобро е да изберете мудра тактика и да ги користите тековните случувања во своја корист.

Дознајте што ве очекува во годината на Петелот: Краток и прецизен хороскоп за 2017-та година

Вага – вие можете да го решите кој било проблем!

Судбината ќе ви понуди многу можности за да ја подобрите вашата благосостојба, но потребно е да внимавате да не ги испуштите шансите. Со тоа што ќе прифатите каква било работа, неопходно е да ја вложите сета сила за да ја реализирате, а исто така треба да покажете одлучност и независност.

Скорпија – вие сте на прагот на големи промени!

Скорпиите ќе бидат на прагот на големи промени и во минатото ќе ги остават своите стари колеги и досадната работа, па ќе им се препуштат на трансформациите. Промените во животот ќе ви го променат погледот кон светот.

Стрелец – имате многу перспективи!

Оптимистичката природа на претставниците на овој знак и моќната енергија, пред нив ќе отворат многу врати. Тие ќе бидат во можност површно да ги согледуваат проблемите, без многу да размислуваат за нив, што ќе им помогне да ги решат со леснотија, притоа чувајќи ги и своето време и нерви. Како и да се завртите – ѕвездите ќе бидат на ваша страна.

Јарец – дојде време да погледнете во себе

Ѕвездите ви препорачуваат правилно да ги поставувате своите приоритети. На почетокот обрнете внимание на самите себе, одвојте време за вас и почнете да работите на својот развој. Новиот поглед кон светот ќе ве воодушеви вас и другите наоколу и сѐ ќе почне да се менува. Проблемите повеќе нема да ви изгледаат толку големи, па ќе почнете да наоѓате радост во едноставните нешта.

Водолија – ова е ваша година!

2017-та во секој поглед е година на личностите родени во знакот Водолија. Суштината на ова е тоа што претставниците на овој знак и Петелот, како доминантен симбол, се многу блиски по својот дух. Овие луѓе се креативни по природа и не сакаат да преземаат тешки задачи, а ги избегнуваат и проблемите. Бидејќи сме на прагот на периодот на Водолијата, претставниците на овој знак ќе имаат многу прилики да ја покажат вистинитоста на своето расудување.

Риби – ве очекува крај на стагнирањето!

2017-та година во голема мера ќе биде пресудна за претставниците на овој знак, пред сѐ поради тоа што во нивниот живот ќе заврши периодот на стагнацијата, која траеше речиси 10 години. Тие ќе изгледаат како да се будат од долг сон, отстранувајќи го од себе товарот на неактивноста, а ќе почувствуваат и неверојатен прилив на енергија.

Дознајте што ве очекува во годината на Петелот: Краток и прецизен хороскоп за 2017-та година

Со цел да имате подобра и поуспешна година, погледнете ги и овие едноставни и лесно остварливи цели кои треба да ги направи секоја девојка во претстојната 2017-та.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. Todorka Reply

    Честитки за авторот Магдалена Арнаудова,секоја чест.

Остави коментар