Дознајте која песна од 2017 година најдобро го опишува вашиот хороскопски знак - Part 2

Дознајте која песна од 2017 година најдобро го опишува вашиот хороскопски знак

ВАГА

„Feel It Still“ —  Portugal. The Man

Оваа песна е голем хит, не само поради добриот ритам туку и поради тоа што е многу забавна исто како и Вагата! Ако не се согласувате со тоа, прашајте ги нејзините пријатели. Песнава може да се слуша во сите можни ситуации, а тоа им се допаѓа на Вагите. Тие можат да ја слушаат кога се подготвуваат за на работа, но и пред излегување со друштвото. Овој музички хит им помага да ја одржат рамнотежата во животот.

СКОРПИЈА

„Sorry Not Sorry“ —  Demi Lovato

Деми Ловато речиси секогаш „вади“ хитови, а и нејзината најнова песна не е исклучок. Оваа песна совршено ги опишува Скорпиите, бидејќи ја отсликува нивната моќност и самодоверба. Скорпиите никогаш не се извинуваат поради тоа што се такви какви што се. Освен тоа, песнава може да им послужи како потсетник дека можат да се справат со сите животни проблеми што ќе им го попречат патот.

СТРЕЛЕЦ

„Havana“ —  Camila Cabello

Понекогаш, на сите ни треба да слушнеме песна што е забавна и не е воопшто комплицирана или длабока. Песната на Камила е токму таква и затоа е совршена за сите Стрелци. „Havana“ е секси и певлива и веднаш ги тера Стрелците да станат и да танцуваат. Оваа песна ќе им помогне да се опуштат, но и да ја „загреат“ атмосферата на некоја забава. Припадниците на овој знак се возбудливи, бидејќи најважно им е да уживаат во животот. Оваа песна ќе ги потсети на тоа. Освен тоа, Стрелците обожуваат да патуваат и истражуваат, а оваа песна ќе ги поттикне да сонуваат за сите места што сакаат да ги посетат.

ЈАРЕЦ

„DNA“ —  Kendrick Lamar

Јарците сакаат да разговараат на теми што се чувствителни за повеќето луѓе, а Кендрик Ламар го прави токму тоа преку оваа песна. „DNA“ е паметна песна, а Јарците тежнеат токму кон тој квалитет. Сличностите помеѓу оваа песна и Јарците се навистина очигледни!

ВОДОЛИЈА

„XO Tour Llif3“ —  Lil Uzi Vert

Оваа песна содржи од сѐ по малку, а истото може да се каже и за Водолиите. Станува збор за уникатна песна што не звучи како ниедна друга. Благодарение на текстот и ритамот, оваа песна е многу моќна и влијателна, а најголемата цел на Водолиите е да остават печат и да станат влијателни. Припадниците на овој знак несомнено ќе ја пронајдат својата инспирација во песнава.

РИБИ

„New Rules“ —  Dua Lipa

Рибите сакаат да бидат во врска, но не сакаат да се изгубат себеси. Понекогаш ги прават истите грешки, бидејќи не можат да продолжат понатаму. Оваа песна на Дуа Липа ќе може да им помогне во врска со тоа. За почеток, ќе им даде до знаење дека не треба да им веруваат на луѓето кои сакаат само да ги искористат и отфрлат. „New Rules“ ќе им помогне да донесуваат подобро одлуки за себе и ќе ги потсети дека не им треба партнер за да бидат среќни.

Ви се допадна оваа музичка плејлиста? Тогаш, дознајте која песна од 80-тите совршено ве опишува според хороскопските знаци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар