Дознајте кои работи се непростливи за секој хороскопски знак

Дознајте кои работи се непростливи за секој хороскопски знак

Секој хороскопски знак се одликува со посебни карактеристики кои го прават поразличен од останатите. Сите знаци имаат свои интереси, но и работи кои не можат да ги поднесат. Добро е да знаете на што треба да внимавате кога сте во нивно присуство, бидејќи постојат работи кои тие никогаш не би можеле да ви ги простат. Ова се работите кои никако не смеете да ги направите на секој хороскопски знак…

Дознајте кои работи се непростливи за секој хороскопски знак

Овен: Никогаш не се карајте со нив

Тие се многу импулсивни и агресивни. Плус, секогаш се во добра форма, што значи дека физички се посилни од вас и без проблем би можеле да ве скршат од ќотек.

Бик: Никогаш не им ја крадете храната

Биковите со задоволство ќе ја поделат нивната храна со вас, особено ако тие ја подготвиле. Меѓутоа, ако се обидете да им украдете од храната, тие ќе бидат повеќе од навредени. Засекогаш ќе ја изгубите нивната почит.

Близнаци: Никогаш не им кажувајте да замолчат

Близнаците обожаваат да комуницираат и ако им кажете да замолчат веднаш ќе ги пресечете. Тие не можат да поднесат доколку некој ги спречи гласно да си ги кажат нивните мислења.

Рак: Никогаш немојте да ги критикувате

Раковите знаат да бидат малку несигурни, па ако им дадете конструктивна критика, тоа е исто како да сте ги удриле во стомакот. Всушност, физичката болка би им била многу побезболна.

Лав: Никогаш не им се спротивставувајте

Лавовите сакаат да бидат во центарот на внимание и тие се добри лидери, така што ако се обидете да им се спротивставите веднаш ќе ве стават на нивната црна листа. А сите знаеме колку е тешко да ви прости горделивиот Лав.

Девица: Никогаш не се обидувајте да им докажете дека грешат

Ако мислите да потрошите време во докажување дека Девицата направила нешто погрешно, тие ќе ги искористат сите нивни истражувачки и аналитички вештини за да докажат дека се во право и воопшто нема да им биде гајле колку долго ќе им треба за да ве убедат.

Вага: Никогаш не ги ставајте во тесно

Вагите мразат конфликти и не сакаат кога некој ги принудува да донесат одлука. Така што, доколку се обидете да направите некоја од овие работи, Вагата ќе доживее нервен слом. А тоа не е баш пријатна глетка.

Дознајте кои работи се непростливи за секој хороскопски знак

Скорпија: Никогаш не ги лажете

Скорпиите се страсни и емотивни луѓе кои никогаш не им простуваат на лажговците. Ако ја излажете Скорпијата, таа ќе го искористи најлошиот можен начин за да ви се одмазди.

Стрелец: Никогаш не ги врзувајте

Стрелците сакаат да бидат слободни, како физички така и емотивно. Ако сте опсесивни или се обидете да ги спречите да отидат некаде, тие ќе експлодираат.

Јарец: Никогаш не се претставувајте лажно

Јарците се искрени и директни и кога некој се однесува лицемерно со нив, тие веднаш ќе сакаат да избегаат што подалеку и никогаш повеќе нема да можете да ги придобиете.

Водолија: Никогаш не се обидувајте да ги промените

Водолиите се посебни и секогаш го следат своето срце, но ако се обидете да ги претворите во нешто сосема спротивно на тоа што се, тие засекогаш ќе ве презираат.

Риби: Никогаш не се обидувајте да се шегувате со нив

Рибите знаат да бидат премногу чувствителни и ако се пошегувате со нив во јавност, ќе предизвикате емотивна епизода која никогаш нема да ја заборавите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар