Детален хороскоп ги открива најголемите маани и маки на хороскопските знаци

Детален хороскоп ги открива најголемите маани и маки на хороскопските знаци

Сите ние доживуваме подеми и падови во текот на животот. Некогаш ни се чини како да сме родени под среќна ѕвезда, а некогаш, пак, како да сме најголемите баксузи кои живеат на планетата Земја. Овој хороскоп ќе ви открие кои ваши особини придонесуваат за вашите најсветли и најтемни моменти…

Дознајте кои се вашите најголеми недостатоци преку овој хороскоп кој ќе открие се за вашата личност

Овен

Овенот нема да го признае поразот додека комплетно не се уништи психички. Овенот сака сѐ и го сака тоа веднаш! Чекањето го заморува, а поимот тактика за него не постои. Не ги признава грешките за ништо на светот и ретко учи од нив. Несреќен е кога нема кој да му се восхитува и ги сака луѓето кои го сакаат него. Себичен е, нападен и никогаш не дава сѐ од себе. Ретко мисли на последиците од неговите постапки, па затоа често се чуди зошто светот се руши токму над неговата глава. Сепак има големи, остри рогови и дебела кожа кои го штитат од сите неволји.

Бик

Тој е прилично задоволен со себе и со неговиот живот, сѐ додека во него не се вмешаат други луѓе. Молчалив и здодевен, тој самиот си ги создава проблемите за да разбие монотонија. А кога ќе настанат проблемите, се претвора во манијак кој го истура бесот на буквално сите страни, особено на оние кои му се најмалку виновни. Би бил совршено среќен кога луѓето не би му го кревале притисокот. Би седел на врвот од неговата планина, би ги мирисал цвеќињата и би си ги извршувал секојдневните ритуали… Сѐ додека не пукне од досада.

Близнаци

Близнаците важат за превртливи и дволични луѓе. Велат дека и Јуда бил Близнак. Се одликуваат со љубопитност и интелигенција, но и со несериозност, неодговорност, недостаток на концентрација и нервоза. Животот го доживуваат како игра и остануваат незрели до староста. Притоа често се однесуваат онака како што мислат дека треба, а не онака како што им налага нивната вистинска природа. Кон другите се однесуваат површно и бегаат од секоја обврска. Проблемите ги туркаат што подалеку од нивните очи, за потоа да им се вратат како бумеранг токму кога најмалку очекуваат.

Рак

Раковите се премногу чувствителни и нереалистични. Честопати без никаква потреба ја преземаат улогата на жртви, затоа што преку болката доживуваат задоволство и катарза. Поради нивната несигурност и неодлучност не успеваат да ги остварат нивните соништа и цели, па тоа ги прави уште потажни. Не се подготвени да работат премногу за да постигнат успех, бидејќи работата брзо им досадува. Од другите очекуваат да им посветат огромно внимание. Ова е знакот кој најчесто се прашува зошто е толкав баксуз. Всушност, неговата тага нема реална основа. Ракот го сфаќа тоа дури кога ќе се соочи со вистинските проблеми.

Дознајте кои се вашите најголеми недостатоци преку овој хороскоп кој ќе открие се за вашата личност

Лав

Лавот мора да доминира. Не прифаќа приговори и критики бидејќи смета дека е совршен, безгрешен и дека апсолутно го заслужува центарот на вниманието. Нивните планови и желби се грандиозни, како и нивниот комплекс на повисока вредност. Доколку не постигнат нешто навистина големо, целиот живот го сметаат за една голема утка, а себеси за баксузни, затоа што не успеале да ги реализираат сопствените потенцијали. За нивните успеси секогаш се винови ситуацијата, политиката, науката, родителите, пријателите… Сите освен самите тие.

Девица

Девиците се многу вешти кога станува збор за туѓите проблеми, но не умеат да си помогнат самите себеси. Кога се нервозни, тие чистат, гланцаат, полираат, рибаат, и нивниот животен простор им е толку стерилен што гостите се чувствуваат по малку непријатно, напнато и неудобно. Животот постојано ги изненадува непријатно. Штотуку средиле сѐ кога на тепихот се истурила чаша вино. Само што успеале да ве вклопат во нивниот емотивен компас, кога вие сте направиле нешто неочекувано и сега повторно мораат сѐ да анализираат и истражуваат… Целиот живот исправуваат некои неправди, па често се прашуваат што згрешиле за да заслужат ваква судбина.

Вага

Вагите најмногу ги вознемирува неправдата. Ја воочуваат секаде околу нив, а често ја чувствуваат и на своја кожа и секогаш постои нешто што им ги нарушува мирот и среќата. Припаѓаат во онаа група луѓе кои не размислуваат два пати пред да кажат нешто, па потоа со денови размислуваат како можеле така да постапат. Сакаат убави и луксузни работи. Изгледот им е многу важен и никогаш нема да се помират со знаците на стареење. Тоа за нив е најголемата неправда на светот. Сакаат да ја играат улогата на детективи, да ги разоткриваат лагите и демаскираат преварантите, но проблемот е во тоа што сѐ сфаќаат лично. Кога ги решаваат туѓите проблеми, тие ги доживуваат како свои. Се сметаат себеси за емпати, но големо прашање е колку всушност се способни да излезат од нивниот свет и да ги согледаат работите од друг агол.

Скорпија

Одмаздољубивата Скорпија прво напаѓа, па потоа можеби ќе ве сослуша. Своите проблеми ги решава сама, без ничија помош. Не ја интересира туѓото мислење, а критиката уште помалку. Страсна, посесивна, посветена, интелигентна и упорна, Скорпијата ќе отиде до крајот на светот ако смета дека тоа е потребно за да постигне одредена цел. Нема милост кон послабите. Целиот живот го живее како да води војна. За неа сѐ претставува борба, постојано очекува неволји и смета дека кој не може да го издржи тоа, не заслужува ни да живее. Проблемот е што понекогаш и самата може да биде жртва на сопствениот отров.

Дознајте кои се вашите најголеми недостатоци преку овој хороскоп кој ќе открие се за вашата личност

Стрелец

Тој се препушта на текот на настаните и дозволува тој да го води низ животот. Не сака да планира, но секогаш спонтано го открива решението за проблемите. Слепо им верува на луѓето и поради тоа често му се случува да биде искористен и излажан. Меѓутоа, кога еднаш ќе ве прочита, Стрелецот прекинува секаков контакт и ќе ве избрише од неговиот живот без око да му трепне. Колку и да е забавен и независен, тој речиси никогаш не ужива во мирот на сегашниот момент, туку се грижи за тоа што ќе биде утре. Ако е сега среќен, тој се грижи дали ќе биде среќен и утре.

Јарец

Тврдоглавиот и упорен Јарец никогаш не зборува за своите проблеми. Тие се ужасуваат од самата помисла дека некогаш мораат да побараат помош. Тие самите се издигнуваат во општеството и затоа на луѓето им делуваат ладно и незаинтересирано. Сакаат да се натпреваруваат и многу се фрустрираат кога ќе видат дека некој друг го има она што тие силно го посакуваат, а го немаат. Тогаш целата нивна сила ја насочуваат кон тоа да бидат подобри, но токму тогаш се најголемите баксузи. Преголемата самодоверба и невниманието во односите со луѓето може скапо да ги чини.

Водолија

Водолиите се хумани, посветени и несебични. Ова се добри особини, но во нивниот случај честопати го имаат спротивниот ефект. Тие не поднесуваат лицемери и цврсто се држат до своите принципи. Токму поради тоа тие се многу строги кон самите себеси. Со задоволство ќе ви позајмат пари, бидејќи за нив парите немаат којзнае каква вредност. Но, кога ќе останат без нив, се жалат поради лошата судбина и се прашуваат зошто немаат повеќе среќа.

Риби

Рибите самите за себе се најголемото проклетство. Немаат баш допир со реалноста, па затоа често се наоѓаат во незгодни ситуации. Реагираат бурно и непресметано на негативните животни околности. Тие во својата глава си имаат зацртано како треба да изгледа нивниот живот и како треба да функционира совршениот свет. Но, во реалноста нештата се поинакви и поради тоа тие често запаѓаат во очај. Кога ќе се соочат со некој проблем кој тешко се решава, тие со сила ќе се обидат да го довлечкаат проблемот на нивна територија, во нивниот свет каде владеат поинакви закони на физиката, математиката, енергијата… Ова посебно доаѓа до израз кога се под дејство на алкохол или кога се понесени од емоциите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. dimitrova Reply

    Ne e tocno za lav… Ako ne uspeam nesto da postignam, se obvinuvam sebesi i tolku silno se kritikuvam sto doaga i do stres… ova e osobeno istaknato koga moite dejstvija vlijaat na drugite luge.

  2. Hristina Reply

    Za skorpija ne e tocno deka ne ja interesira kritikata ili tugoto mislenje,ne deka go prifaca sekogas no sepak e vazno.Isto ne e tocno bar za mene deka skorpijata nema milost kon poslabite.

Остави коментар