Астролошки водич: Откријте кои се адутите на хороскопските знаци во љубовните врски

Веќе ги откривме 5-те љубовни маани на секој хороскопски знак кои можат да придонесат за кавги и недоразбирањата во врската. Но, за успешна љубовна врска треба да се поклопат многу нешта од кои најважен критериум се приоритетите на секој знак. Со помош на овој астролошки водич, откријте кои се силните страни на секој знак во врските и како тие можат да ви помогнат при развивање на вашата љубов.

Астролошки водич: Откријте кои се адутите на хороскопските знаци во љубовните врски

Овен

  1. Сексот со него тешко може да премине во рутина, а имајќи ја на ум неговата издржливост, тој ретко ќе биде краток.
  2. Овните можат многу брзо да се налутат, но опростуваат побрзо од другите знаци и не се злопамтила.
  3. Тие се спонтани и сакаат да ги изненадуваат своите блиски со подароци – започнувајќи од ситници, па сè до вкусни вечери.
  4. На нив секогаш можете да сметате дека ќе се борат, па ако треба тоа ќе го сторат и место вам.
  5. Не треба да се грижите дека во врската ќе ви стане досадно, бидејќи животот со нив е полн со возбудувања и авантури.

Бик

  1. Биковите се едни од најлојалните припадници на Зодијакот и тие чувствуваат голема почит кон својот партнер.
  2. Тие се многу сензуални и тоа се одразува врз сексуалниот живот – имаат силно либидо и важно им е уживањето на другиот.
  3. Тие сакаат да им овозможат на своите љубени екстравагантни вечери, скапи вина и патувања.
  4. Никогаш не мора да се прашувате за нивните мотиви бидејќи тие директно ќе ви ги дадат до знаење.
  5. Во моментите кога сте под стрес, Биковите секогаш ќе бидат тука да ви пружат утеха и да се грижат за вас.

Близнаци

  1. Нив вистински ги интересираат голем број теми и уживаат да ги учат сите оние нешта кои го интересираат нивниот партнер.
  2. Мозокот им работи брзо и генерално се многу духовити, па токму затоа лесно можат да го насмеат партнерот со своите досетки.
  3. Со нив не мора да се грижите за недостатокот на комуникација, тие можат дури и најмолчаливите да ги натераат да проговорат.
  4. Пријателството им е многу важно и на својот партнер прво ќе му бидат пријател, а потоа љубовник.
  5. Навикнете се на нивните секси провокации, бидејќи тие имаат способност да го возбудат партнерот уште пред да му ја соблечат облеката.

Рак

  1. Нив природно им доаѓа да се предадат на другите, па токму затоа тие ќе се погрижат нивниот партнер секогаш да биде добро.
  2. Имаат разбирање и за најдлабоките чувства и ситуации, па токму затоа не се плашат да ги покажат своите емоции.
  3. Еден од омилените начини за поминување на своето слободно време им е во прегратката на партнерот.
  4. Секогаш се трудат сексот да биде страстен и полн со чувства.
  5. Вложуваат многу време и енергија да го направат својот дом топол и удобен за себе за и партнерот.

Лав

  1. Нивната сила и самодоверба се многу привлечни.
  2. Знаат како да ги покажат своите емоции, па токму затоа нема да ви недостасуваат бакнежи, прегратки и допири.
  3. За Лавовите заљубеноста е најубавата состојба во животот и тие никогаш не ја земаат љубовта „здраво за готово“.
  4. Благодарение на својата креативност и страст, тие се одлични љубовници.
  5. Лавовите се секогаш заштитнички настроени и силни и токму затоа секогаш ќе застанат пред вас за да ве заштитат.

Девица

  1. Девиците секогаш ќе бидат тука да ви овозможат поддршка кога најмногу ви е потребна.
  2. Тие се разговорливи и имаат широко поле на интереси, па токму затоа никогаш нема да ви снемаат теми за разговор.
  3. Под студената надворешност имаат кревка и топла внатрешност која излегува на површина во љубовните врски.
  4. Тие се многу уредни и сакаат работите да се на свое место, па токму затоа се одлични организатори на домот и заедничкиот живот.
  5. Тежнеат кон совршенство во сите области на животот, а тоа се одразува и на сексот – секогаш се трудат да биде подобар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар