Астролошки предвидувања: Кои ќе бидат најсреќните денови во ноември?

Астролошки предвидувања: Кои ќе бидат најсреќните денови во ноември?

Во ноември планетите ќе ни помогнат да се ослободиме од негативноста и лошата енергија, минатото и лошите спомени. Тоа значи дека нè очекува исклучително добро време за нов почеток и шанса да го промениме светот околу нас. Во продолжение прочитајте кои ќе бидат најсреќните денови во ноември.

Астролошки предвидувања: Кои ќе бидат најсреќните денови во ноември?

5 ноември – Венера во опозиција со Уран

Ова е еден од најповолните денови во месецот. Венера ќе донесе многу сила и мотивација, а Уран ќе помогне да се насочи оваа енергија во вистинската насока. Астролозите истакнуваат дека 5 ноември ќе ве поттикне на бунт и револуција. Желбата да го промените вашиот живот ќе почне да се претвора во реалност, па така соништата сега полека можат да се остваруваат. Од друга страна, Уран ќе донесе мали предизвици, но и тие можат да ве доведат до успех.

9 ноември – Меркур и Сонцето во опозиција со Уран

Ова е ден кој ќе ви донесе силен поттик за напредок. Многу луѓе ќе почувствуваат наплив на нова енергија. Позитивните емоции ќе излезат на површина, па затоа ова ќе биде прекрасен период за љубов, флертување и запознавање нови луѓе.

11 ноември – денот на огледалото, нумеролошка серија 11-11

На овој ден многумина од нас ќе имаат голем успех на работа. Затоа, подобро е да не одложувате ништо туку да дејствувате смело и одлучно.

17 ноември – Меркур почнува со транзитот во Стрелец

Овој период, особено од 17 ноември, ќе донесе многу можности за патување, па можете да ја посетите дестинацијата за која долго сонувавте. Многумина од вас ќе имаат можност и да искусат различни животни ситуации, од реновирање на домот до промена на работните места и започнување нови хоби. Од 17 ноември имате голема шанса да го промените вашиот живот.

25 ноември – завршува ретроградната фаза на Јупитер

На овој ден и во следните неколку месеци вашата интуиција ќе почне правилно да функционира. Внатрешниот глас нема повеќе да ве збунува туку ќе ве насочи во вистинската насока. Тоа значи дека ќе имате инспирација за нови потези кои ќе ве доведат поблиску до вашите цели. Освен тоа, многумина од вас ќе престанат да размислуваат само за себе и ќе се фокусираат на своите сакани. Ова ќе биде многу корисно за односите, особено со партнерот и членовите на семејството.

29 ноември – Меркур во опозиција со Марс

Ова ќе биде поволен ден за состаноци и за работа. Со други зборови, овој вторник веројатно ќе биде најпродуктивниот ден во месецот. Затоа, не одложувајте ги важните работи на овој ден.

Ноември е одличен период да размислите кон што треба да се насочите во наредната година, кои работи треба да ги отфрлите и што треба да прифатите, усвоите и промените во вашиот живот. Нека вашето патување на позитивна трансформација започне во ноември!

Откако прочитавте за најсреќните денови во ноември, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат 3-те најсреќни хороскопски знаци оваа зима.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар