Астрологијата открива каков маж треба да барате во 2018 година доколку сакате да бидете среќни

Дали ви досадило тоа што сте сами или што постојано налетувате на погрешни мажи? Верувате дека немате среќа во љубовта или едноставно сметате дека сите мажи се исти? Сепак, можеби проблемот не е во тоа. Често самите правиме погрешни избори и избираме мажи кои никако не ни одговараат, сѐ со надеж дека ќе ги поправиме и со нив ќе пронајдеме среќа. Новата година е идеално време за да ја промените стратегијата. Хороскопот ќе ви помогне да проверите какви мажи треба да избегнувате, а кон какви би требало да се свртите ако сакате конечно да го пронајдете човекот на вашиот живот.

4-eve-kakov-mazh-treba-da-barate-vo-2018-ta-godina-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Овен

Премногу сакате „лоши момци“ и заради тоа одново и одново вашето срце е скршено, а вие останувате разочарани. Следната година сепак би требало да ја промените тактиката. Тоа значи дека е крајно време да пронајдете „добро момче“. Тоа е некој кој е верен и на кој можете секогаш да се потпрете, момче за кое знаете дека никогаш нема да ве повреди.

Бик

Бидете искрени со себе – сѐ уште патите за бившото момче. Токму затоа во наредната година треба да пронајдете некој кој е потполно нов и поразличен. Тоа треба да биде личност која, пред сѐ, ве почитува. Тоа е некој кој не мора да го терате или да го молите да биде дел од вашиот живот, односно некој кој е поразличен од вашето бившо момче, кое и понатаму не се грижи за вас. Морате да научите да продолжите понатаму.

Близнаци

Навистина е многу едноставно. Вие само треба да пронајдете некој што во врската ќе вложува барем онолку колку и вие. Како Близнаци, вие сте многу внимателни и секогаш ќе сакате да ги усреќите луѓето околу себе. Сепак, и вам за возврат ви е потребен добар третман за да се почувствувате навистина среќни.

1-eve-kakov-mazh-treba-da-barate-vo-2018-ta-godina-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Рак

Престанете да бидете нечие чергиче. Како Рак, вие знаете да бидете многу зависни од другите луѓе. Заради тоа често дозволувате да газат врз вас. Тоа е крајно погрешно. Треба да пронајдете маж кој никогаш нема да ве омаловажува или понижува. Треба да бидете со некој што нема да ја искористува вашата кревка и нежна природа.

Лав

Решението е повеќе од јасно. Лавовите се познати како егоцентрични луѓе кои се свртени кон себе. Не можете да одите против вашата природа и тоа е нешто што најверојатно никогаш нема да можете да го промените. Затоа треба да пронајдете човек кој е подготвен да ви дозволи да бидете во центарот на неговиот свет. Потребен ви е маж кој ќе ве опсипува со љубов и внимание.

Девица

Вам перфекционизмот ви е вроден и едноставно сѐ во вашиот живот мора да биде совршено. Не сте подготвени на компромиси кога се во прашање вашите критериуми и очекувања. Исто така, никогаш нема да се откажете од вашата визија за совршена, бајковита љубов. Вам ви е потребен маж кој е подготвен да се носи со вашите високи очекувања и да ги исполни до крај.

Вага

Отсекогаш ви се допаѓале „оштетени“ мажи, бидејќи вам како Вага ви е потребен некој кој има премногу недостатоци и кој можете да се обидете да го поправите. Секако, тоа секогаш завршува катастрофално и затоа е крајно време да ја промените вашата тактика. Следната година побарајте маж кој е веќе на своето место и на кого не му се потребни никакви поправки и промени.

Скорпија

Вам ви е потребен маж со кој работите ќе одат полека, бидејќи вие, како Скорпија, често брзате во врските и заљубувањето. Вам ви е толку лесно да се заљубите што е дури и многу опасно за вас. Потребен ви е човек кој ќе ве научи да бидете трпеливи во сѐ, па и во љубовта.

Стрелец

Вам ви е потребен маж кој е длабокоумен и внимателен. Вам, како Стрелец, често ви се допаѓаат мажи заради површни и плитки причини, како на пример затоа што изгледаат добро или се богати. Во 2018-та година треба да пронајдете некој со кој ќе пронајдете смисла и исполнување.

3-eve-kakov-mazh-treba-da-barate-vo-2018-ta-godina-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Јарец

Вие сте многу друштвени и отворени и потребен ви е маж со кој целосно ќе си одговарате. Би била вистинска трагедија со вашата непроценлива смисла за хумор да бидете со некој што нема да знае да го цени вашиот дух. Вам ви е потребен некој што совршено ќе оди со таа ваша силна позитивна енергија.

Водолија

Бидете малку пореални. Престанете да трчате по мажи кои не можете да ги имате. Водолиите се секогаш свртени кон предизвиците, но понекогаш сепак целите кон недостижното. Постојано трчате по мажи кои веќе се зафатени, кои немаат време за вас, кои се премногу стари за вас или емоционално недостапни. Престанете да бидете неразумни и побарајте некој подостапен маж.

Риби

Вие всушност и не треба да барете некој нов, бидејќи она што ви е потребно цело време ви е пред носот. Вие често се вртите наназад, обидувајќи се да ги наведете луѓето да ве сакаат, а не обрнувате внимание на оние кои се веќе тука за вас и кои ве заслужуваат. Потрудете се малку повеќе да ги цените оние кои се веќе во вашиот живот.

Секако дека вие го заслужувате најдоброто, па затоа погледнете каков тип маж барате во склад со вашиот хороскопски знак.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар