Астрологијата и вашиот стил на забава

Астрологијата и вашиот стил на забава

Секој од нас има различна идеја за тоа што претставува забава. Обидете се да ги искористите сите прилики кои ви ги пружа животот за интересно пополнување на слободното време и притоа научете кој е вашиот личен стил на забавување. Прочитајте ги астролошките описи и дознајте кои типови собиранки ви одговараат, а кои да ги избегнувате.

Астрологијата и вашиот стил на забава

Земјени знаци

Бикот, девицата и јарецот, кога организираат журка за пријателите, сакаат да понудат голем избор на јадења, прекрасно опкружување и опуштена, лежерна атмосфера. Тие ќе бидат задоволни ако сè изгледа беспрекорно добро, храната има идеален мирис и вкус, музиката е добра и гостите се чувствуваат одлично. Земјените знаци најдобро се забавуваат кога се чувствуваат релаксирано и удобно. Поради тоа, тие се чувствуваат најубаво кога се опкружени со луѓе кои не мораат да ги импресионираат или на кои треба да им се докажуваат себеси на некој начин.

Совети за декорирање: Употребувајте земјени елементи додека го украсувате просторот наменет за вашата журка. Декорирајте со убави камења, кристали, земјени садови и сè што дава земјен акцент.

Стил на забавување: сензуално уживање

Воздушни знаци

Близнаците, вагата и водолијата најмногу се забавуваат кога се наоѓаат во средина која го разбудува нивниот интелект и која е исполнета со интересни луѓе од кои можат да научат и чујат нешто ново. На нив им се допаѓаат забави кои ментално ги стимулираат, па затоа сакаат да поканат луѓе кои карактерно ќе се надополнуваат едни со други или кои ќе имаат различни гледишта од кои ќе се родат некои нови идеи и перспективи. Забавите на кои е поважно како сте облечени, отколку каква личност сте во душа, за нив се досадни, па затоа најубаво си поминуваат кога се впуштаат во брзи и духовити вербални размени кои го будат и предизвикуваат умот.

Совети за декорирање: Употребувајте елементи кои потсетуваат на воздух (слики од птици во лет, лесни ткаенини кои ќе се веат од ветерот).

Стил на забавување: интелектуален коктел

Огнени знаци

Овенот, лавот и стрелецот сакаат добра забава, акција и малку драма кога прославуваат нешто. Бидејќи сакаат луксуз, секогаш им е важно да имаат понуда од најдобри освежувачки пијалаци, а гостите кои се поканите на забавата треба да знаат вистински да го живеат животот и да знаат да си поминат убаво. Поважно им е забавата да помине во смеење и уживање, отколку во муабетење за сериозни теми, па затоа и избегнуваат прослави организирани од работното место и слично.

Совети за декорирање: Користете елементи на оган (запалете огниште на плажа, употребувајте црвена боја и служете лути работи).

Стил на забавување: темпераментна забава

Водни знаци

На ракот, скорпијата и рибите им е важно на забавата да почувствуваат емоционална конекција со луѓето кои се дојдени, па затоа преферираат мали, интимни собиранки, наместо огромни гужви. Тие имаат нежен и спиритуален стил на забавување и обожаваат да прават ритуали и поводи за забава кои за нив имаат некакво значење. Бидејќи се мили и грижливи луѓе, важно им е гостите да бидат добро најадени и напиени и да се чувствуваат удобно на нивната журка. Тие сакат поголемиот дел од храната да ја приготват сами и наместо да служат разни видови предјадења, тие ќе послужат неколку поголеми чинии, за да се осигураат дека ќе има доволно за секој.

Совети за декорирање: Употребете некои водни елементи за вашата журка: декорирајте со мали украсни фонтани, пронајдете цеде со звуци од жуборкањето на океан, масата декорирајте ја со пластични украсни рипки и морски ѕвезди.

Стил на забавување: спиритуален


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар