Астрологијата и пријателството

Астрологијата и пријателството

Проверете кој хороскопски знак е вистински пријател, кој е злопамтило, а кој е секогаш расположен и забавен. Хороскопскиот знак може да ви помогне да ги дознаете пријателските карактеристики на луѓето кои ве опкружуваат.

Астрологијата и пријателството

Овен

Овенот е многу импулсивна личност, но секогаш е праведен. Доколку во некоја ситуација ви е потребна помош, секогаш можете да сметате на него.

Бик

Кога бикот со некого станува пријател, тоа е вечно пријателство. Тој е сигурна личност, верен пријател, па дури и по малку посесивен. Немојте пред него да зборувате за некои други пријатели и нивната верност и добра душа, бидејќи тоа не му е баш драго да го слуша.

Близнаци

Иако има многу пријатели, близнакот секогаш се потпира само на себе. Секогаш има логични и прифатливи решенија за оние кои ќе побараат помош од него. Забавно му е секогаш да биде во контакт со луѓе, а тоа го прави лежерно и без обврзување. Тој е добар пријател, но опасен непријател.

Рак

Ракот никогаш нема да ви даде до знаење дека сте му потребни, туку ќе очекува вие да читате помеѓу редови и да сфатите дека некој проблем го мачи. Доколку не му помогнете кога му е најпотребно, тој е големо злопамтило и ќе ве потсетува на тоа во секоја укажана прилика. Поради своето променливо расположение, како пријател е доста несигурен.

Лав

Лавот сака да помага бидејќи е великодушен, а одлично и одлично му доаѓа кога некој го фали и му е благодарен. Сака да им помага на другите, а не сака да зависи од помошта на другите, па дури ни од помошта од најдобрите пријатели.

Девица

Девицата можете да ја бутнете во депресија доколку ѝ раскажете дека ви била нанесена некаква неправда. Таа е секогаш спремна да се справи со катастрофа. Рационално гледа на работите, па со логика и објективност ги поставува работите на свое место. Непроценлива е за пријател.

Вага

Иако делува површно, вагата е голем пријател. Луѓето родени во овој знак се секогаш подготвени да ве сослушаат. Тие сакаат кога некој бара помош од нив.

Скорпија

Скорпијата никој не ја посакува како непријател, но доколку ви е потребен пријател, сметајте на нејзината безгранична преданост. Доколку на скорпијата ѝ доверите тајна, таа никогаш нема да ја злоупотреби. Доколку некогаш ја изневерите, лошо ви се пишува.

Стрелец

Стрелецот е голем пријател. Внимавајте да не се замерите со него, бидејќи знае да биде осетлив. Тој секогаш го кажува она што го мисли. Склон е на елитизам и секогаш бара пријатели слични на него.

Јарец

Кај јарецот секогаш морате да пројдете низ низа тестови и испитувања. Кога барате помош од јарец, тој ќе биде многу срдечен и полн со разбирање. Но, доколку некогаш го раскинете пријателството, тоа е засекогаш. Тој никогаш не заборава доколку некој го изневерил или предал.

Водолија

Водолијата секогаш има оправдување за своите пријатели. Пријателствата ги склопува лежерно. Таа е секогаш тука да ви помогне и никогаш не очекува да ѝ бидете благодарни за тоа.

Риби

Рибите се родени психолози, па нема подобро рамо за плачење од нивното. Тие се сочувствителни и знаат да ги почувствуваат вашите потреби. Кога некој пријател ќе ги викне да му помогнат, секогаш имаат време да му излезат во пресрет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар