8 работи кои маж во хороскопскиот знак Јарец ги сака во кревет

8 работи кои маж во хороскопскиот знак Јарец ги сака во кревет

Извесно време меркате некој Јарец и сакате да бидете подготвени кога ќе добиете прилика да го заведете. Ако е така, подгответе се да вложите многу. Следуваат 8 работи кои Јарецот ги сака во кревет.

Јарецот е секси, мистериозен и убав, него тешко можете да му одолеете, но шансите да го уловите се потешки одошто би очекувале. Тој не се отвора лесно, многу е традиционален и знае точно што сака. Со други зборови, нема компромиси. Ако сте имале среќа и трпение да го доведете својот Јарец во кревет, еве неколку корисни совети кои ќе ви се најдат додека сте таму.

1-8-raboti-koi-mazh-vo-horoskopskiot-znak-jarec-gi-saka-vo-krevet-kafepauza.mk

1. Дозволете му да биде главен

Има многу момци на кои би им се допаѓало да бидат врзувани за креветот секоја вечер, но вашиот Јарец не е еден од нив. Всушност, на почетокот водењето љубов со него може да ви делува рутински и да ви недостасуваат перверзии. Прво, дајте му време да почне да ви верува, а потоа сексот ќе станува сѐ поинтересен. Второ, немојте да бидете доминантни. Мора да му дозволите тој да биде главен. Само не му дозволувајте да стане себичен кон вас.

2. Бидете елегантни

Некои од нас сакаат валкани разговори и безобразна облека, но Јарецот не. Со цел да го намамите во кревет, прво треба да му го фатите погледот, што значи мора соодветно да се облечете за да го привлечете. За мажот-Јарец тоа значи дека треба да одите на постерилна варијанта. Заборавете на шилестите потпетици и облечете сензибилни рамни чевли кои треба да ги искомбинирате со фустан до колена бидејќи овој маж сака традиционални и елегантни дами.

2-8-raboti-koi-mazh-vo-horoskopskiot-znak-jarec-gi-saka-vo-krevet-kafepauza.mk

3. Не се обидувајте веднаш да легнете со него

Со цел да го одведете во кревет, мора да го оставите малку да се потруди за тоа. Јарецот никогаш нема да легне со жена која не ја почитува, и тие ретко почитуваат жени кои веднаш скокаат во кревет. Воздржете се и не започнувајте интимни сексуални односи со него. Тоа ќе го натера повеќе да ве посакува.

4. Полека со вашите сексуални фантазии

Знаеме колку е прекрасен и колку ви доаѓа да му ги откорнете копчињата од кошулата со заби и да лижете чоколаден сируп од неговите голи гради, но не смеете, барем не веднаш. Јарците не можат да си замислат жените кои ги сакаат да бидат палави во спалната соба, тие едноставно не ги спојуваат овие две нешта. Затоа бидете благи во реализирањето на вашите сексуални фантазии. Потоа постепено почнете да вметнувате забава во вашиот сексуален живот со машкиот Јарец.

3-8-raboti-koi-mazh-vo-horoskopskiot-znak-jarec-gi-saka-vo-krevet-kafepauza.mk

5. Кажете го тоа со вашите очи

Бидејќи машките Јарци се почитувачи на традицијата, ќе отидете чекор понатаму со нив доколку во вашите очи забележат одушевеност и исчекување. Никогаш немајте поглед на доминација кога сте во спалната соба и во никој случај не отворајте уста доколку ви надоаѓаат валкани мисли во главата. Напротив, замислувајте дека сте во филм од 1940-та и подарете му секси поглед во старовремски црно-бел стил.

6. Не претерувајте со парфеми и шминка

Иако многу мажи сакаат жени кои се облекуваат посебно за нив во кревет, Јарецот не го сака тоа. За да го заведете со облеката во спалната соба облечете долга свилена наметка. Овие момци сакаат богатство и љубат жени со елеганција и стил. Искомбинирајте ги двете нешта и за него ќе бидете злато. Исто така, носете смирени бои за него. Нешто розово или со боја на слонова коска. Ако носите парфем, нега има лесни ноти. Немојте да користите некој што е многу овошен или со изразени тонови на мошус. Некој фин парфем од линиите на Шанел или Елизабет Тејлор ќе биде полн погодок.

7. Играјте улога на невина жена

Дами, да бидеме искрени, сите знаеме што се прави во кревет. Знаеме што сакаме и како да излудиме маж. Обично точно знаете како да го возбудите секој маж и да му го дадете она што го сака. Но, за жал, со Јарецот нема да ви успеат тие трикови. Со овој маж играјте улога на невина жена. Може да изгледа контрадикторно. Мажите сакаат силни и независни жени, но од друга страна сакаат невини и потчинети љубовнички. Овој маж сака да ви биде јасно дека тој е главниот, затоа преправајте се дека немате поим како да бидете вие главни и дозволете му да ја има контролата. Нивното его ги прави многу самоуверени во кревет, а многумина од нив ќе се потрудат да го врискате нивното име од задоволство.

4-8-raboti-koi-mazh-vo-horoskopskiot-znak-jarec-gi-saka-vo-krevet-kafepauza.mk

8. Правете го она што го бара

Конечно, штом го имате Јарецот во кревет, и веќе сте интимни некое време, тој ќе сака да ги распалувате страстите, а вам ќе ви биде мило што сте биле трпеливи со него. Тој постепено ќе ви ги открива неговите фетиши. Ви предлагаме да му дозволите да бара нешта од вас. Но, треба да му дозволите да сфати дека можете да бидете и потчинети и перверзни во спалната соба. Овие момци се одлични семејни мажи, но бидејќи ги ставаат жените кои ги сакаат толку високо на пиедестал, неретко изневеруваат за да ја надополнат својата потреба за перверзни активности со други. Но, ако постепено му покажете дека знаете да ги играте двете улоги, тој ќе биде цврсто фатен на јадицата и нема да се откачи од неа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Mila Reply

    Za maski vodolii ke objavite vakvi ?

    • Кафе пауза Reply

      Ќе има слични.

      • Mila Reply

        Neka bidat shto poskoro. 🙂

  2. Mila Reply

    kaj mi e komentarot ???

    • Кафе пауза Reply

      Коментарите се модерираат, што значи дека не се објавуваат веднаш, туку рачно се одобруваат пред да излезат јавно.

  3. igor Reply

    sakam da znam za zdravie

Остави коментар