3-те основни потреби на секој хороскопски знак

Основната потреба на секој Бик е сонот, а покрај тоа потребни му се уште две работи. На Близнакот му треба слобода, на Девицата сигурност, а на Стрелецот дружење. Погледнете кои се основните 3 потреби на секој хороскопски знак.

1-3-te-osnovni-potrebi-na-sekoj-horoskopski-znak-kafepauza.mk

Овен

Независност – Потребна ви е слободата во однесувањето. Не сакате на никого да му се објаснувате за своите постапки. Не поднесувате кога некој ве присилува на нешто или ве контролира.

Движење – Вие едноставно мора постојано да „брзате“, па вашите дела се често поважни од самите резултати. Натрупувањето на обврските не ве загрижува премногу. Напротив, вие знаете и годишниот одмор да го користите за работа.

Власт – Не можете да бидете задоволни ако не им командувате на другите, а бидејќи секогаш сте полни со иницијатива, вие сте идеален лидер.

Бик

Сон – Тоа е основната потреба на секој Бик. На спиење би требало да одите секогаш во исто време и да избегнувате непроспиени ноќи.

Исхрана – Вие сте голем гурман и генерално сакате да готвите. Но, љубовта кон храната може да ве доведе до вишок килограми. Кога ќе дојде до тоа, силата на вашата волја може да ја одигра главната улога.

Хедонизам – Уживате во сѐ што е убаво, но исто така имате потреба тоа чувство да го споделувате со оние кои ги сакате.

Близнаци

Слобода – Слободата ви е неопходна заради вашата љубопитна природа, па одлично се снаоѓате и во неочекувани ситуации.

Интелигенција – Вашата изострена интелигенција, флексибилност и брзите рефлекси ве прават способни за извршување различни задачи.

Комуникација – Најсреќни сте кога пред себе имате публика која ве слуша.

Рак

Семејство – И како дете и како родител создавате толку јаки врски со семејството што дури тешко успевате да се осамостоите. Кога ви недостига семејството вие можете да почувствувате и физичка болка.

Љубезност – Бидејќи сте затворени, сите проблеми ги чувате во себе, што пак е главна причина за вашата фрустрација и проблеми со желудникот. Вашето оружје се љубезноста и претпазливоста со кои ги разоружувате дури и оние најарогантните и највообразените.

Хармонија – Потребата за хармонија ве прави посмирени и прилагодливи, па избегнувајте директни судири.

Лав

Углед – Вишокот енергија ве прави желни за моќ и слава, па макар и во ограничена средина, како што е училницата, работното место или семејството.

Изобилие – Патите од величина и сјај, па не сте од оние штедливите кои своите добра ги сокриваат од погледите на околината. Сакате сѐ, но сакате и другите да видат колку имате.

Следбеници – Не ви е доволно почитувањето од брачниот другар и од семејството, туку ви треба цела армија на свои обожаватели. Заради тоа одржувате добри односи со подалечните роднини и со голем број познаници.

Девица

Сигурност – Штедливи сте и економични, па со задоволство ќе го жртвувате уживањето заради долгорочна сигурност.

Умереност – Не сакате да трошите пари, ни време, ни енергија. Не ви паѓа на памет спонтано да се предадете на уживањето, бидејќи знаете дека тоа може скапо да ве чини.

Ред – Секогаш сакате да знаете каде што сѐ наоѓа и на кого можете да сметате. Ги почитувате прописите, не толку од морални причини, туку заради полесно снаоѓање во животот.

Вага

Рамнотежа – Сакате сѐ да биде во рамнотежа: активностите, одморот, материјалните и духовните потреби. Фанатизам не поднесувате.

Удобност – Одморот е многу важен за вашата слаба точка – крстот, а за да се одморите, потребна ви е удобност. Тешко се прилагодувате на спартански начин на живот.

Заедница – Бракот е идеален за припадниците на вашиот знак, бидејќи поседувате вродено чувство за живот во заедница. Не поднесувате осаменост и едноставно сте зависни од социјалниот живот.

Скорпија

Сексуалност – Вашата огромна енергија е тешко да се контролира, а со вашата психа доминира силно изразена сексуалност. За да би можеле нормално да функционирате, вашиот еротски живот мора да биде исполнет.

Доминација – Во друштво мора да имате доминанта улога, додека рамноправен однос тешко прифаќате.

Игра – По природа сте сомничави, но исто така сакате и да ризикувате, па игрите ви помагаат да се опуштите.

Стрелец

Дружење – Потребна ви е поддршка од пријателите иако не сакате со никого претерано да се врзувате. Обожавате да организирате патувања, излети и излегувања.

Планирање – Иако не сте од оние кои претерано се грижат за иднината, сепак сакате да размислувате за неа. Пред себе мора да имате некој план, макар и нереален, кој ве влече напред.

Патувања – Припаѓате на знакот на светскиот патник кој најдобро се чувствува кога е далеку од дома. Дури и ако не сте имале прилика да патувате надвор од земјата, чувствувате чудна поврзаност со далечните краеви.

Јарец

Разбирање – Совршено знаете да живеете со својата работа и со своите мисли. Сепак, тоа ваше повлекување обично е последица на разочараност од луѓето. Оној кој сака да ја здобие вашата доверба треба само да покаже разбирање за вас. Тоа ви е најважно.

Позиција – Од мали „готвите“ план како да се оттргнете од влијанието на авторитетите и да се искачите на што повисок врв од каде слободни и независни ќе ги гледате „џуџињата“ во подножјето.

Поредок – Повеќе сакате да се придржувате на веќе постоечките правила и закони одошто да импровизирате. Вашите главни адути се педантноста, сериозноста, упорноста, строгоста и непоколебливоста.

Водолија

Независност – многу сте самостојни и имате изразена потреба да се движите слободно. Не поднесувате наметнати врски и посесивни личности, но умеете да покажете длабоки чувства.

Слобода – Секогаш сте во потрага по нешто ново и возбудливо. Сепак, размислувате за иднината бидејќи со вас управува Сатурн, планетата на логиката.

Братство – Најдобро се чувствувате кога можете да им помогнете на другите, така што некако секогаш се наоѓате во ситуација во која тоа можете на сите да им го покажете.

Риби

Чувства – Вашата потреба за љубов е толкава што имате желба целосно да се посветите на оној кого го сакате. Од љубов можете буквално да се разболите, но љубовта може и да ве излечи.

Заштита – Живеете во облаци и постојано барате некого кој може да ви пружи заштита.

Посветеност – На работа сте добри соработници, подготвени да се жртвувате за колегите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. dejana Reply

    tocno za vodolija 😉

  2. fs Reply

    😛

Остави коментар