11 начини на кои Скорпиите несвесно си го уништуваат животот

Скорпиите се многу комплицирани и мистериозни. Многу луѓе имаат лошо мислење за нив, бидејќи ги сметаат за одмаздољубиви и напорни. Сепак, Скорпиите повеќе си наштетуваат себеси отколку на другите. Тие имаат навистина тежок карактер и поради тоа честопати несвесно си го уништуваат животот. Во продолжение прочитајте зошто е тоа така…

11 начини на кои Скорпиите несвесно си го уништуваат животот

1. Премногу строго се осудуваат

Скорпиите се многу строги критичари. Тоа им носи голем успех, но и голем притисок. Нивната потреба да успеат е толку силна што забораваат на вистинските вредности во животот. Понекогаш, толку многу се фокусираат на крајната дестинација што забораваат да уживаат во патувањето.

2. Не им простуваат на луѓето

Скорпиите се многу лојални и мислат дека сите треба да бидат како нив. Но, никој не е совршен. Припадниците на овој хороскопски знак премногу долго држат лутина и не им простуваат на луѓето дури ни кога искрено ќе им се извинат. Добро е да се биде внимателен, но Скорпиите понекогаш претеруваат.

3. Се плашат од љубовта и ги оттурнуваат луѓето од себе

Скорпиите љубат многу силно, што значи дека нивното срце е многу ранливо. Тие биле повредени многу пати, а болката ги менува луѓето. Тие изградиле ѕид околу нивното срце и не дозволуваат никој да му се приближи. Разбирливо е тоа што се плашат да не бидат повторно повредени, но Скорпиите мора да сфатат дека љубовта на некои луѓе има исцелувачки способности.

4. Живеат во минатото

Скорпиите најчесто живеат во минатото и се плашат од иднината. Тоа ги спречува да уживаат во моментот и да бидат среќни. Постојано се присетуваат на спомените од минатото кои им создаваат чувство на празнина и вина. Скорпиите мора да научат како да се ослободат од негативните сеќавања без да чувствуваат грижа на совест.

5. Не ѝ веруваат на својата интуиција

Скорпиите се многу интуитивни и би требало повеќе да си веруваат себеси. Но, како и сите останати, тие постојано се сомневаат. Проблемот настанува кога ќе побараат совет од толку многу луѓе што на крајот ќе заборават која била нивната првична желба и потреба. Скорпиите треба да го слушаат нивниот внатрешен глас наместо да го замолчуваат.

6. Ги кријат своите емоции

Скорпиите се плашат од нивната интензивна чувствителност. Тие се плашат да ја покажат нивната ранливост. Се плашат дека луѓето ќе ги отфрлат доколку ги запознаат вистински. Наместо да ја покажат нивната грижа, Скорпиите се затвораат и оставаат впечаток на тешки и строги луѓе.

11 начини на кои Скорпиите несвесно си го уништуваат животот

7. Премногу се исцрпуваат

Скорпиите не сакаат да им кажуваат „Не“ на луѓето и да ги разочаруваат. Постојано се зафатени и никогаш не се одмораат. Но, понекогаш потребно им е да поминуваат време сами. Скорпиите треба да запомнат дека смеат да кажуваат „Не“ понекогаш.

8. Имаат преголем натпреварувачки дух

Скорпиите сакаат да бидат најдобри. Тоа не е така затоа што се егоистични, туку затоа што сакаат да го дадат својот максимум. За многумина тоа делува арогантно. Припадниците на овој знак треба да сфатат дека нормално е да изгубат понекогаш. Во ред е да постои некој подобар од нив. Нивниот стремеж кон совршенството е за восхит, но не треба да се уништуваат со нереалистичните очекувања.

9. Немаат доверба во луѓето

Скорпиите мислат дека не можат никому да веруваат. Само тие знаат како да постапат правилно. Но, доколку почнат да им веруваат на луѓето, постојат големи шанси дека ќе се изненадат. Скорпиите сакаат да го контролираат својот живот, но треба да попуштат понекогаш.

10. Премногу се директни

Скорпиите имаат најдобри намери, но не знаат како да бидат искрени без да повредат нечии чувства. Вистината боли, но за Скорпиите тоа не е важно и тие нема да се воздржуваат. Луѓето кои сакаат да добијат искрено мислење или совет, им се обраќаат на Скорпиите. Меѓутоа, припадниците на овој знак мора да научат дека не мора секогаш да го кажуваат своето мислење. Понекогаш треба да им дозволат на луѓето да згрешат.

11. Не се сакаат себеси доволно

Скорпиите работат многу напорно, но никогаш не се задоволни. Постојано се фокусираат на следната задача, наместо да уживаат во успехот. Премногу се концентрираат на нивните недостатоци и на грешките што ги направиле. Кога би можеле да се видат низ очите на другите луѓе, би сфатиле колку се прекрасни. Скорпиите заслужуваат да се видат во тоа светло!

Скорпиите се навистина комплицирани, а доказ за тоа се и следниве 17 причини зошто (не) ги сакаме.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. |^| Reply

    ova ko za mene napisano haha
    *ne sum skorpia ama sum bik

Остави коментар