10 работи кои треба да ги знаете пред да се заљубите во маж роден во знакот Вага

10 работи кои треба да ги знаете пред да се заљубите во маж роден во знакот Вага

Машките припадници на хороскопскиот знак Вага се многу комплексни личности. Како и секој друг знак од Зодијакот, тие имаат свои доблести, но и маани. Најдоброто нешто кога станува збор за машките Ваги е тоа што се чувствителни, но истовремено и силни. Тој е одлично друштво кога ви е потребен некој да ве сослуша, но тој исто така е и она забавно момче кое е омилено во сите друштва. Точно е дека Вагите ги бие лош глас на женкари, но нека не ве исплаши тоа бидејќи има толку многу нешта кои се кријат под површината. Ова се 10-те работи кои треба да ги знаете за мажот роден во знакот Вага, пред да започнете врска со него…

10 работи кои треба да ги знаете пред да се заљубите во маж роден во знакот Вага

1. Мрази да биде сам

Вагите не сакаат да бидат сами. Тие сакаат да поминат што е можно повеќе време со луѓето кои им се блиски. Нормално дека понекогаш сакаат да се изолираат, но зошто да бидат сами кога можат да бидат опкружени со луѓето кои ги обожаваат?

2. Тој е неверојатно друштвена личност

Вагите се познати по тоа што се многу друштвени и комуникативни. Тие никогаш нема да одбијат покана за забава, љубовен состанок или лабава дружба со најдобрите пријатели во домашна атмосфера. Машките Ваги се харизматични и знаат како да го искористат тоа во нивна полза.

3. Може да држи лутина засекогаш

Вагата не мора да избувне и да ви се изнавика за да знаете дека ви е лута. Ако повредите машка Вага, тој ќе ја држи лутината додека не им помине, а тоа може да трае навистина долго. Може да се обидете да му се извините, но ако не е расположен да ве слуша, воопшто нема да биде важно она што го велите.

4. Ќе направи сѐ што е возможно за да одбегне конфронтација

Вагите толку многу мразат конфликти што ќе направат сѐ што е возможно за да ги одбегнат. Соочувањето значи дека тие ќе мора да го симнат цврстиот оклоп што ги штити и да зборуваат за она што ги лути. За нив поедноставно е да ги остават работите онакви какви што се.

10 работи кои треба да ги знаете пред да се заљубите во маж роден во знакот Вага

5. Ретко избувнува

Нема да сретнете Вага што лесно ќе изгуби нерви. Тие знаат понекогаш да бидат променливи и рамнодушни, но никогаш нема да се истурат на вас. Можеби тоа е така затоа што се плашат дека ќе изгубат пријател или едноставно тоа е дел од нивниот карактер. Но, подгответе се да бидете целосно игнорирани и заборавете на жестоките караници.

6. Секогаш е подготвен за авантури во кревет

Вагите постојано бараат нови начини за да го зачинат сексуалниот живот, што значи дека тие ќе пробуваат нови работи со саканата личност. Тоа може да подразбере необични секс пози или играчки и сѐ друго што ќе им падне на памет. Тие исто така сакаат кога жената доминира и жени кои сакаат да бидат потчинети. Бидете подготвени да ги пробате и двете улоги.

7. Ги разгледува сите страни пред да донесе одлука

Машката Вага е голем аналитичар кога станува збор за носење одлуки. Тој сака да ја согледа ситуацијата од сите можни агли пред да заклучи што би било најдобро да се направи, а тоа може да биде неверојатно напорно за некој што не размислува толку. Вагите се познати како едни од најнеодлучните хороскопски знаци. Понекогаш навистина знаат да претераат.

10 работи кои треба да ги знаете пред да се заљубите во маж роден во знакот Вага

8. Навистина ја цени добрата комуникација

Со оглед на тоа што се еден од најкомуникативните знаци, машките Ваги најмногу ја ценат добрата комуникација. Тие претпочитаат да разговараат за проблемите без разлика дали се работи за партнер или пријател, наместо да се преправаат дека сѐ е во ред. Точно дека тие држат лутина, но само откако се обиделе да ги поправат работите.

9. Сака добра авантура

Вагите и авантурите одат заедно. Тие секогаш сакаат да пробуваат нови работи, така што ако сте во врска со машка Вага, подгответе се да излезете од вашата удобна зона. Нема да можат да ви одолеат доколку вие испланирате дневни авантури за двајцата.

10. Сака да им угодува на луѓето

Вагите сакаат сите да бидат среќни и да се согласуваат и ќе направат сѐ што е потребно за тоа да се случи. Звучи супер, нели? Понекогаш, но поголемиот дел од времето, тоа ја претвора Вагата во човек кој не може да им каже „не“ на луѓето. Тие не сакаат да ги ставаат туѓите потреби пред нивните, но тоа се случува и работите никогаш не излегуваат онака како што си замислиле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар