Виртуелна прошетка низ Македонија со фотографиите на инстаграмџијата Марко Блажевски

Марко Блажевски е талентиран фотограф којшто обожава да поминува време во природа. Тој е фасциниран од прекрасните природни пејзажи и смета дека нема подобар начин да се поминува слободното време од дишење свеж планински воздух. Па, ако сакате на кратко да избегнете од секојдневниот живот или да се инспирирате конечно да тргнете на патување низ Македонија, тогаш ви препорачуваме да ги погледнете неговите фотографии! Уживајте.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blazevski Marko (@blazevskimarko) on

1. Кога прв пат ја почувствува страста за патување и фотографирање неверојатни природни пејзажи? Дали имаше некој конкретен настан што ја разбуди оваа желба во тебе, или отсекогаш си ја чувствувал?

Желбата за добрата фотографија отсекогаш ми била присутна, но она што го промени мојот начин на живеење беше првото „off-road“ искуство. Адреналинот што го носеше возењето надополнето со неверојатните глетки од планините и дивите коњи кои пристигнаа на поило, ми вродија желба да почнам со истражување и фотографирање на планините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blazevski Marko (@blazevskimarko) on

2. Забележавме дека обожаваш да поминуваш време во природа. Што за тебе значат овие мали авантури и што е тоа што те тера постојано да се навраќаш на дивината?

Слободата и адреналинот. Се чувствувам сам на своето, далеку од сите. Предизвикот за нешто ново и возбудливо, малку истражено и тешко достапно ме носи на места каде што никогаш не сум ни помислил дека ќе одам. И секогаш ќе се враќам онаму каде што ми е најубаво, каде што се чувствувам како дома – на Караџица кај чичко Гоце, на топол чај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blazevski Marko (@blazevskimarko) on

3. Би сакал ли да споделиш некоја интересна приказна, нешто што ти се случило далеку од цивилизираниот свет? Можеби си се изгубил, си открил нешто неочекувано, или едноставно само си потонал во длабок сон под отвореното ѕвездено небо…

Има многу приказни кои долго ќе се спомнуваат и вреди да се повторат. Едно од најдобрите патувања ми беше возењето низ источна Македонија. Ова патување траеше 4 дена, почнувајќи од Крива Паланка, па сè до Дојран, низ планина, со кампување, посетување на сите водопади, и сè она што може да го понуди тој регион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blazevski Marko (@blazevskimarko) on

4. Во што повеќе уживаш – кога патуваш и фотографираш сам или пак, кога си со друштво?

Со друштво дефинитивно. Но, знам и да се „исклучам“ и да ме снема на одредено време за да направам некои фотографии во мир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blazevski Marko (@blazevskimarko) on

5. Сите твои објави на Инстаграм се неверојатни, но оние што најмногу се издвоија во нашите очи се ноќните, ѕвездени фотографии. Како ги правиш овие фотографии, од првата замисла и обработката, па сè до нивната објава?

Фотографиите се направени со техниката „double exposure“ – склоп на 2 или 3 фотографии во една. Многу често ми се случува да се инспирирам од тоа што го гледам, но да не можам да го пренесам со само една фотографија, па морам дополнително да ја обработам, за да го постигнам посакуваниот ефект.

Фотографиите имаат ѕвезди, бидејќи на секоја ѕвезда што паѓа, замислувам желба и таа ми се остварува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blazevski Marko (@blazevskimarko) on

6. На една од твоите објави имаш напишано дека убавите нешта се случуваат кога ќе се дистанцираме од негативноста и драмата. Каков совет би им дал на нашите читатели за да ги мотивираш да поминуваат повеќе време во природа, а помалку пред смартфоните?

На секој му треба „издувен вентил“ од секојдневните обврски и случувања, од негативните влијанија и од луѓето што секаде со себе носат драма, за да се пронајде себеси во она што го исполнува. За мене тоа е возењето по планини и фотографирањето, каде што нема мрежа, ниту пак Интернет, туку само луѓето што ги сакам околу себе, добра храна, музика и ракија.

Како совет би им кажал повеќе да уживаат во моментите што ги носи животот и да излезат од монотоното и од светот на Инстаграм, бидејќи во планина ќе најдат нешто ново. Исто така верувам и дека после првиот пат нема да може да го дочекаат следното патување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blazevski Marko (@blazevskimarko) on

Искачете се и на планинските врвови со Љупчо Јовчевски, македонски планинар и авантурист.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар