Уметност за љубителите на гитарите

Уметност за љубителите на гитарите

Љубителите на гитарите, музиката и визуелната уметност сигурно нема да останат рамнодушни на овој вид арт! Американскиот артист Патрик Фишер има неверојатен талент да ги претвора и онака прекрасните гитари, во неверојатни уметнички дела насликани со мастило.

Уметност за љубителите на гитарите

Користејќи тенки маркери од компанијата „Sharpie“, Фишер ја исполнува површината на гитарите, создавајќи комплексни облици и форми. Црното мастило ставено во контраст со природното дрво, создава визуелна текстура и длабочина на секоја гитара.

Уметност за љубителите на гитаритеУметност за љубителите на гитарите

Инспириран од природата, дрвјата, инсектите и околината, Фишер му дава нов живот на секој музички инструмент кој ќе му се најде на дофат. Комбинирајќи ги светлосните зраци и мастилото, уметникот ја третира површината на гитарата како бело платно, на кое цртежите личат како да се врежани во дрвото.

Уметност за љубителите на гитаритеУметност за љубителите на гитаритеУметност за љубителите на гитаритеУметност за љубителите на гитаритеУметност за љубителите на гитаритеУметност за љубителите на гитаритеУметност за љубителите на гитарите

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар