Уметност во пустината Сахара стара 17 години, видлива и од „Google Earth“

Уметност во пустината Сахара стара 17 години, видлива и од „Google Earth“

Уметност во пустината Сахара стара 17 години, видлива и од „Google Earth“
Зборот „епско“ во последно време многу се употребува за опишување на уметност која им се допаѓа на голем број луѓе. Но, доколку сакате добра идеја за нешто што е навистина „епско“ тогаш мора да ја погледнете „Desert Breath“, уметност во пустината Сахара која и по 17 години сѐ уште постои и е видлива од „Google Earth“.

Уметност во пустината Сахара која постои веќе 17 години и е видлива од „Google Earth“

Таа била изработена од страна на D.A.S.T. Artsteam помеѓу 1995 и 1997 година кога 8.000 m3 биле преместени за да се создаде уметничко дело кое се протега на површина од 100.000 метри квадратни. Инсталацијата се состои од огромна спирала од конуси и вдлабнатини кои водат кон центарот во кој се наоѓа базен со вода. Како што се приближувате кон центарот, градуално помалите конуси создаваат чувство како да стануваат поголеми. Лоцирана помеѓу црвеното море и група планини, Desert Breath функционира на две различни нивоа во однос на погледот – одозгора како моќна визуелна слика и од површината на земјата, како неверојатно физичко искуство додека се чекори по спиралниот пат.

„Во нашите умови, пустината е единственото место каде што може да се доживее бесконечност,“ велат тие.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар