Спомени…

Спомени…

Во животот се случуваат секакви работи. Некои моменти се убави или неубави додека траат, но не се доволно моќни за да се врежат во нашата меморија. Таму ќе се задржат само оние највпечатливи сцени од нашите животи. Спомени… Колку повеќе старееме, толку во поголем број ги имаме. Спомени...Уметникот Чарлс Питерсон посветил цела серија цртежи токму на спомените и ја нарекол „Колекција од спомени“. Додека ги создавал овие цртежи, Чарлс се повикал на неговите сопствени спомени, па можеби токму затоа секој набљудувач може да ги разбере и да пронајде дел од неговиот живот во нив. Спомени...Овие уметнички дела му овозможуваат на набљудувачот да се наврати назад во среќното и безгрижно детство и да се присети на вкусот на мајчината пита, на пливањето во вештачкото езерце, на нежниот глас на баба му…Спомени...За да го постигне ефектот на избледени човечки фигури, уметникот употребува комбинација од светла, проѕирна позадина. Луѓето повеќе личат на духови, бидејќи некои од нив можеби не се повеќе помеѓу живите, но тие засекогаш ќе останат да живеат во нашите спомени и срца. Спомени...Збирката спомени на Чарлс Питерсон во себе вклучува 60 цртежи, кои станале толку многу популарни во Америка што морале да се репродуцираат за продажба. Американското издание на списанието „US Art Magazine“ го вклучило името на Чарлс во топ 10 претставници на националната печатарска индустрија.Спомени...Спомени...Спомени...Спомени...Спомени...Спомени...Спомени...Спомени...Спомени...Спомени...Спомени...Спомени...Спомени...Спомени...


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар