Слатки тетоважи со хороскопските знаци што не изгледаат како пијана грешка

Слатки тетоважи со хороскопските знаци што не изгледаат како пијана грешка

Сигурно познавате човек кој има тетоважа од неговиот хороскопски знак. Можеби и вие сте размислувале за таква тетоважа, но веројатно сте забележале дека ваквите тетоважи изгледаат секогаш исто. Тие најчесто ги вклучуваат симболите на хороскопските знаци во црна боја или со некој цвет што извира од страна. Мора да признаете дека ваквите тетоважи делуваат по малку клише, а ако се лошо изработени личат на грешка што сте ја направиле под дејство на алкохол. Но, ова не мора да биде така! Погледнете ги следниве идеи за тетоважи со хороскопски знаци кои сигурно ќе ви се допаднат…

Овен

Слатки тетоважи со хороскопските знаци што не изгледаат како пијана грешка

Главата од овен на левиот бут е интересна и необична. Контурите се едноставни, а и местото е одлично одбрано и ѝ дава дополнителен шмек на тетоважата.

Бик

Слатки тетоважи со хороскопските знаци што не изгледаат како пијана грешка

Оваа тетоважа го претвора Бикот во жена воин со поглед што продира. Боите се светли, но нежни, бидејќи ниту еден Бик не би прифатил нападни бои. Оваа тетоважа претставува одлична комбинација од силата на Бикот и нежната убавина на владејачката планета со овој знак, Венера.

Близнаци

(3) slatki-tetovazhi-so-horoskopskite-znaci-shto-ne-izgledaat-kako-pijana-greshka-kafepauza.mk

Близнаците се означени со пиктограф кој личи на римскиот број II. Мора да признаете дека тоа е малку здодевно. Но, овој тату артист се фокусирал на симболот на Близнаците и нивните двојни карактеристики за да направи прекрасно ремек-дело. Она што ја прави тетоважата интересна е цветот што ги поврзува близнаците и личи на трето око како потсетник за припадниците на овој знак дека треба да одржуваат баланс помеѓу нивните контрадикторни желби.

Рак

Слатки тетоважи со хороскопските знаци што не изгледаат како пијана грешка

Оваа тетоважа го вклучува симболот на знакот Рак и претставува извонредна засенчена слика од краба со прекрасен дизајн на оклопот. Тетоважата сигурно ќе ви се допадне дури и да не сте припадници на овој знак!

Продолжете на втората страница за останатите тетоважи…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар