Слатки пораки со неверојатна доза хумор и искреност

Замислете, конечно се охрабривте да ѝ признаете на таа посебна личност сѐ што ви лежи на срце. Спремате совршен говор, го чекате вистинскиот момент и во моментот кога почнувате да зборувате од вашата уста излегува сѐ, освен зборовите кои долго време ги вежбавте и наскоро не знаете како да се извлечете од непријатниот хаос. Веројатно, ако сте во некој холивудски чик-флик на другата личност ќе ѝ се види сето тоа симпатично па можеби и ќе ќарите прв состанок. Картичките подолу (со малку послободен превод) се вистински приказ на слатката збрка од мисли која ни поминува низ глава во вакви ситуации и веројатно ќе се пронајдете во барем една од нив.

Картичките се дело на дизајнерката Емили МекДауел, а нејзината цел била реално да ги прикаже врските такви какви што се, убави, збркани, чудни па и проблематични. Практично секој може да се пронајде и на некој начин да си се утеши дека не е сам на светот со такви мисли и чувства.

Slatki-poraki-so-neverojatna-doza-na-iskrenost-www.kafepauza.mk

За твојот роденден сакав да ти дадам нешто совршено што во исто време изгледа како да не бара многу труд, како ноншалантно да сум го купил/а на враќање од пазар или од теретана или од каде било, па би бил/а импресиониран/а истовремено од леснотијата со која тоа го направив и од моите способности за купување најдобар подарок. Но тоа не се случи.

Slatki-poraki-so-neverojatna-doza-na-iskrenost-www.kafepauza.mk

Знам дека веќе некое време сме заедно и животот повеќе не ни се врти постојано околу жешки состаноци и романтика, но сакам да знаеш дека не постои некој со кој повеќе сакам да го правам тоа од тебе. Исто така, ме правиш толку среќен/на што дури е по малку засрамувачки.

Slatki-poraki-so-neverojatna-doza-na-iskrenost-www.kafepauza.mk

Драга мамо, знам дека не секогаш успевам да ти кажам како се чувствувам, ниту пак што било друго да кажам, но сакав да ти посакам Среќен 8-ми март на навистина искрен начин, а не ми изгледаше доволно да ти купам цвеќе или пак да излеземе некаде, па затоа ти ја купив картичкава. Среќен 8-ми март. Те сакам и сите тие работи.

Slatki-poraki-so-neverojatna-doza-na-iskrenost-www.kafepauza.mk

Епа ова е тапа. Би сакал/а да имав подобар начин да го кажам ова, но мозоков навистина не ми функционира во моментов. Но сакам да знаеш дека иако не секогаш ти ги кажувам вистинските зборови, секогаш ќе ме имаш. Не одам никаде. Па се надевам дека тоа е во ред со тебе. Затоа што те сакам.

Slatki-poraki-so-neverojatna-doza-na-iskrenost-www.kafepauza.mk

Мислам на тебе, ама не на морничав начин. Само еднаш поминав со кола покрај твојата куќа. Не е дека го замислувам твоето лице цело време или нешто такво. ОК, можеби размислував за тебе на скоро незначително морничав начин. Ох мој Боже, зошто ти го кажувам ова? Не е важно, и онака воопшто не размислувам за тебе.

Slatki-poraki-so-neverojatna-doza-na-humor-i-iskrenost-www.kafepauza.mk

Знам дека не сме заедно ама ми беше малку чудно да не ти кажам ништо, па ти ја земав картичкава. Не е некоја голема работа. Не дека значи нешто. Дури нема ни срценце на неа. Ова е всушност картичка за да те поздравам. Заборави.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар