Скриената убавина на водените капки

Скриената убавина на водените капки

Постои цел еден свет кој луѓето не можат да го забележат со голо око. Со помош на микроскопите добиваме можност да погледнеме во светот на најмалите честички, додека пак со фотоапаратите кои прават фотографии со голема брзина можеме да набљудуваме и настани кои се случуваат во само еден дел од секундата.

Скриената убавина во фотографиите од водени капки направени со голема брзина

Фотографот Маркус Регелс се фокусира на експериментирање со водени капки. Преку различни комбинации со светлина, боја за храна, површини (течни и цврсти) и движење на воздухот, тој креира неверојатна течна уметност која се создава и исчезнува во помалку од секунда, но преку неговите фотографии останува да постои вечно. Регелс тврди дека ниту една од фотографиите не е обработувана во Фотошоп и дека тој употребува само еден постпродукциски софтвер со кој ги отстранува оние нешта како прашината од сензорот. Сите тонови, бои и форми се природно создадени, без дигитална манипулација. Погледнете дел од неговата неверојатна колекција…



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар