Природата како сликар: Неверојатни апстрактни пејзажи на ахат кристали

Природата има фасцинантен начин за да се покаже во најдоброто светло. Токму затоа и многу често нè остава без зборови. Замислете ги сите оние неверојатни пејзажи од бескрајни океани или високи планини, но со една мала разлика – нацртани на најмалите нешта, како овие ахат кристали кои се со големина на една дланка.

(1) Природата како сликар: Неверојатни апстрактни пејзажи на ахат кристали

Овие разнобојни карактеристики настануваат преку постепеното разложување на различните нивоа од силикатните материјали во внатрешноста на отворена празнина во вулканска карпа. Боите се формираат од разнобојни материјали, како железо и бакар, филтрирани во водата и силикатите. Резултатите се колоритни и динамични форми кои создаваат прекрасни апстрактни дизајни или форми кои наликуваат на пејзажи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар