Погледнете ги неверојатните фотографии од натпреварот за црно-бели фотографии со деца

Погледнете ги неверојатните фотографии од натпреварот за црно-бели фотографии со деца

Натпреварот за црно-бели фотографии со деца се одржува веќе 4 години по ред. Бидејќи е еден од најголемите интернационални натпревари за фотографија, во него учествуваат фотографи од целиот свет со нивен приказ за детството. Победничките фотографии се одбрани од 4 различни категории – Портрет, Живот, Фина уметност и Документарци. Изборот се одвива 2 пати годишно и има победници од „Првата половина“, победници од „Втората половина“, како и „Голем победник“ кој се избира од двете половини.

Титулата „Голем победник“ за 2017-та година ѝ припаѓа на фотографката Паулина Дуцман која добила бројни награди, како и признанија во сите категории. Нејзините портрети од млади девојчиња се навистина неверојатни и ја доловуваат убавината и чистотата на моделите. Еден член од жирито, Марко Наџ, ја објавил победата на Паулина изјавувајќи:

„Очигледно е дека Паулина го совладала секој аспект од фотографијата.“

Другите победници се Кинга Дразек која добила прво место во категоријата Портрет за нејзината фотографија насловена „Страв“. Руската фотографка Елена Русинова го освоила првото место во категоријата Живот со фотографијата „Работни денови“.

Ако сметате дека сте добри фотографи, можете уште сега да ги испратите вашите фотографии за 5-тиот натпревар. Крајниот рок за Првата половина е 1-ви јули, 2018-та. Пред да се пријавите, погледнете некои од прекрасните фотографии кои добија награда.

„Единство“, Паулина Дуцман, 1-во место во категоријата Фина уметност

Погледнете ги неверојатните фотографии од натпреварот за црно-бели фотографии со деца

„Свиткување“, Паулина Дуцман, признание во категоријата Портрет

Погледнете ги неверојатните фотографии од натпреварот за црно-бели фотографии со деца

„Јас и јас“, Паулина Дуцман, признание во категоријата Портрет

Погледнете ги неверојатните фотографии од натпреварот за црно-бели фотографии со деца

„Изи“, Паулина Дуцман, признание во категоријата Портрет

Погледнете ги неверојатните фотографии од натпреварот за црно-бели фотографии со деца

„Последниот здив на летото“, Паулина Дуцман, признание во категоријата Фина уметност

Погледнете ги неверојатните фотографии од натпреварот за црно-бели фотографии со деца

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар