Овој проект е доказ дека насмевката може да влијае на начинот на кој ги доживувате луѓето

Уште во декември, 2013 година, фотографот Џеј Вајнстајн тргнал на пат во северозападниот дел на Индија. Додека фотографирал пејзажи во близина на една железничка станица, забележал личност која сакал да ја фотографира, но се двоумел дали да го стори тоа.

„Неговите очи, како и неговиот леден поглед ме заплашуваа“, вели Вајнстајн. „Токму тој момент на двоумење секогаш ја убива добрата фотографија. Некако се решив да го избегнам и додека фотографирав други субјекти, одеднаш го слушнав неговиот весел глас велејќи ми ‘Направи фотографија и од мене!’. Тоа и го сторив, но нешто се промени. Во истиот момент кога побарав од него да се насмее за камерата, човекот целосно се трансформираше. Неговото лице почна да зрачи со топлина, а во очите му светкаше хумор. Дури и држењето на неговото тело омекна.“

Токму овој настан го инспирираше новиот проект на фотографот, наречен „ So I Asked Them To Smile“. Целта е да се покажат фотографии од луѓе пред и откако биле замолени да се насмеат. Резултатите покажуваат дека гледањето луѓе на чие лице е испишана среќа, може целосно да ја смени вашата перцепција за нив.

Како што тој патува низ Индија, неговото родно место, Вајнстајн постојано е во потрага по луѓе за неговиот проект. Но, тоа не е секогаш лесно. Постојат денови кога му е навистина тешко да им пристапи на луѓето, бидејќи тој самиот е интроверт. За него е голем предизвик секој контакт со непознати лица, без разлика од каде се.

„Мојата природа е причината поради која секоја фотографија е резултат од неколку настани кои се случуваат одеднаш – лице кое ме инспирира, силата да се соочам со мојот страв и добрината на луѓето кои се согласуваат да бидат фотографирани.“

Овој проект јасно ни покажува што може да се постигне со зборовите „Насмеј се!“ Погледнете…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар