Неверојатни фотографии од океанските бранови кои изгледаат како да се направени од стакло

Неверојатни фотографии од океанските бранови кои изгледаат како да се направени од стакло

Фотографот Бен Тоуард од Тахити совршено ја отсликува убавината и моќта на океанските бранови и прекрасните зајдисонца. Тој го фотографира океанот во различни фази на интензитет. Понекогаш, ги покажува мирните, кристално чисти води, но најчесто прави фотографии од брановите, точно во оној момент кога тие ќе почнат да паѓаат. Бен вели дека најефективниот начин да се фати најдобриот кадар е пливањето низ самите бранови и подготвеноста да се стане дел од елементот. Драматични и воодушевувачки, вистинските сили на струите, сепак најдобро се забележуваат и се чувствуваат од бројните сурфери кои се обидуваат да ги покорат големите бранови.

Неверојатни фотографии од океанските бранови кои изгледаат како да се направени од стакло

Иако Бен инвестира многу време во океанската фотографија, до тој степен што успеал да направи кариера од своето хоби, сепак сѐ уште постојат неколку предизвици кои му стојат на патот. На крајот, она што најмногу го фасцинира од целиот процес, е квалитетот на фотографиите.

Неверојатни фотографии од океанските бранови кои изгледаат како да се направени од стакло

„Мислам дека моето најдобро искуство во водата е оној момент кога фотографирав еден сурфер кој успеа да влезе во бранот во Теахупо. Тој ден фотографирав само под водата бидејќи беше многу чисто. Сакав да ги фотографирам само брановите и по некои од сурферите, но тогаш надојде еден бран и јас се нурнав под него, дозволив да ме помине, се свртив назад и започнав да фотографирам“, вели Бен, дополнувајќи дека му се потребни многу часа за да ја направи совршената фотографија.

Во продолжение погледнете ги неговите неверојатни фотографии кои прават брановите да изгледаат како да се направени од стакло.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар